Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

4 фризури кои ќе ги гледаме насекаде оваа зима

Нова сезона, нови стилови.

Можеби сме на почетокот на нова деценија, но новите трендови што ни доаѓаат се навистина стари стилови во ново руво.

Најмногу оживеани епохи во светот на фризури се оние од периодот на 70-тите и 90-тите години на минатиот век.

Иако некои познати личности веќе (секако) прошетаа низ некои од овие трендови, Сали Хершбергер – позната професионална фризерка на славни лица откри кои фризури ќе доминираат глобално во следните неколку месеци.

Не може да се избегне боб должината и ова е дефинитивно најпопуларната фризура во 2020 година, но во зимското издание текстурата е она што ја прави посебна и ефективна, па Сали препорачува доколку сакате посвеж изглед да најдете добри виткачи на коса или само да направите минивал.

За оние кои се љубители на долга коса и успеале да ја негуваат својата долга коса за време на карантин, најдоброто освежување доаѓа во форма на таканаречени невидливи слоеви. Косата е исечена, но спорадично, оставајќи некои влакна подолги, а некои малку пократки, со што на изгледот му се дава одредена доза на исполнетост.

Омилена фризура од 90-тите години – степенастата коса на Рејчел Грин од серијата Friends, повторно заживеа и може да изгледа навистина одлично, особено ако се исуши со тркалезна четка, полнотата што оваа фризура ја носи со себе е доволна за wow впечаток во секоја прилика.

Шишки, шишки, шишки – пред да бидат популаризирани од главната хероина од серијата „Queen’s Gambit“, тоа го стори Џенифер Лопез – комбинирање на шишки со долга коса и потсетување на ерата од 70-тите, но и влијанието на овој детал.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Или барем, не повторно. Мажите се во навистина тешка позиција, ако мислите малку подобро: општеството им наметна норми на кои тие строго мора да...

Fool Moon

Познатата сликарка Фрида Кало исто така напиша и стихови што ја допираат душата. Оваа песна најверојатно му ја напишала на својот сопруг Диего, а...

Fool Moon

Освен кога поинаку го бара некоја улога, Џорџ Клуни е познат по својата едноставна, кратка фризура и уредна брада. Во интервју за неделната утринска...

Fool Moon

Кога Џон Кенеди бил застрелан во Далас, крвта го распрснала розовиот комплет на неговата сопруга Џеки. Сепак, малку се знае за приказната зад овој...

Advertisement