Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

3 знаци дека вашиот партнер е егоцентрична и незрела личност

Кога сакаме некого, обично ги прифаќаме сите негови маани, но има нешто што не треба да го преболиме – еве како да препознаете незрела и егоцентрична личност.

Сите сакаме да изградиме семејство со стабилна, доверлива, одговорна и зрела личност со која споделуваме светогледи, исти вредности и принципи. Сепак, постои голема веројатност во животот да налетате на некој кој ќе ве маѓепса со својот изглед и ќе помислите дека тој е вистинскиот. Сепак, зад убавата и заводлива надворешност може да се крие личност која нема да можете да ја промените, колку и да се трудите и која само ќе ви предизвикува страдање.

Кои се знаците дека вашиот партнер е незрела и себична личност?

– Премногу драма и постојано жалење
„Поради тебе не можам да си ги остварам соништата“, „Живеам во погрешна земја“, „Околу мене има губитници и паразити, само јас вредам“ – ова е типично жалење на таквите луѓе. Нивниот мозок е толку распореден што ќе ги обвинуваат другите за своите грешки, но не и самите себе. Ако малку заработуваат или немаат работа, општеството е виновно, ако се дебели, незадоволни од својот изглед – виновни се родителите и лошите гени… Тие самите никогаш нема да бидат виновни за ништо. Таквите луѓе често ги преувеличуваат своите заслуги, а притоа не вложуваат ништо во себе или во врската. Но, тие секогаш ќе имаат што да пренесат на другите.

– Како мало дете
Оваа личност е целосно зависна од другите – не е во состојба да ги обезбеди своите потреби, ниту да го исполни својот живот. Неговиот партнер служи како „донатор“ на добро расположение, стабилност и извор на самопочит. Иако понекогаш делува независно, всушност тој бара внимателна и грижлива половина, која ќе го надомести неговиот недостаток на љубов. Саканата личност, во својот ум, треба да го замени разумниот и мудар родител кој секогаш ќе го задоволи секој негов хир. Доколку не го добие тоа што го очекувал, ќе ви замери, вие, неговиот партнер, што не сте доволно посветени, жртвувани, недоволно сакани…

– Бара сè одеднаш
Невозможно е да се постигне договор со овој тип на луѓе, бидејќи тие не се навикнати да водат сметка за туѓите интереси и потреби – постои само нивна гледна точка и тоа е тоа. Или ќе направиш се што сакаат (веднаш), или ќе добиеш планина од приговори и обвинувања. Себични се и бараат, манипулираат со сите и шират лошо расположение. Кога негативно се расположени – и другите треба да ја почуствуваат истата емоција и болка…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Има голема разлика во годините меѓу овие познати парови, но иако се на мета на секојдневни критики, нивната љубов нема граници. Големата разлика во...

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Advertisement