Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

18 Златни совети на Далај Лама за среќен живот

Далај Лама XIV – духовен лидер на луѓето од Тибет, писател, филантроп, социјален активист и добитник на Нобелова награда. Тој е роден во сиромашно селско семејство, кое се занимавало со одгледување на овес и компири. На раѓање му било дадено името Лхамо Дхондруб, што значи „божица на желби“. Во Тибет, при изборот на име не се зема предвид полот на бебето. Лхамо бил 9-то од 16 деца во семејството, од кои само 7 преживеале.

Кога имал само 2 години неговото село го посетиле група на Лами. Тие го избрале Лхамо за новиот Далај Лама. По 3 години тој бил ставен на престолот на Тибет и добил монашко образование. Денес ние ги споделуваме со вас неговите цитати што ќе ви го разубават дури и најлошиот ден.

1. Имајте на ум дека голема љубов и голем успех во себе нужно носат и голем ризик.

2. Во животот не можете да очекувате секојпат да бидете победници, но важно е од поразот да научите лекција.

3. Почитувајте се себе, почитувајте ги другите и преземајте одговорност за своите дела.

4. Понекогаш најдобрата работа која може да ви се случи е да не го добиете тоа што го сакате.

5. Добро научете ги правилата за да знаете како да ги прекршите.

6. Не дозволувајте мали несогласувања да влијаат лошо врз големо пријателство.

7. Кога ќе сфатите дека сте погрешиле, направете сѐ што е потребно за да ја поправите грешката.

8. Секој ден одвојте барем малку време за себе.

9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не ги напуштајте своите вредности.

10. Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остарите ќе можете да размислувате за својот живот и да уживате во него по вторпат.

12. Атмосфера преполна со љубов во домот е темел за добар живот.

13. При несогласувања со саканите личности, занимавајте се исклучиво со сегашните ситуации. Никогаш не се повикувајте на минатото.

14. Учете и делете го знаењето со другите. Тоа е единствен начин да станете бесмртни.

15. Чувајте ја природата.

16. Еднаш годишно отидете на место на кое никогаш претходно не сте биле.

17. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која вашата љубов е посилна од потребата што ја имате еден кон друг.

18. Смислата на успехот барајте ја во сите оние работи од кои моравте да се откажете за да го постигнете.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Постојат жени кои се толку сигурни во себешто не мора да прибегнуваат кон никакви трикови за да се подобрат или да изгледаат подобро. Кејт...

Cotton Club

Ќерката на славната пејачка застана пред камерите за нова колекција на шарена облека потпишана од славниот британски дизајнер, а тоа се креации за вежбање...

Cotton Club

Силвија Фенди се занимава со класични елементи на машка облека, но тука додава и логоманија, па покрај основните тонови, колекцијата ги истакнува и ефективните,...

Fool Moon

Што одредува кој сексуално нè привлекува? Ова е изненадувачки тешко прашање на кое е тешко да се одговори затоа што се чини дека привлечноста...

Advertisement