Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

13 ГОДИНИ ГИ КРИЕЛЕ ОД МЕДИУМИТЕ: модниот вкус го наследиле од мајка си, а со својот изглед ги изненадиле фановите…

Сара Џесика Паркер на премиерата на филмот „Hocus Pocus 2“ ги донесе своите ќерки кои ретко ги гледаме во јавноста.

Сара Џесика Паркер се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „Hocus Pocus 2“ и за прв пат ги покажа своите ќерки близначки, преслатки 13-годишници кои очигледно го наследиле модниот вкус на нивната мајка.

Имено, Сара Џесика на премиерата на продолжението на култната хорор-комедија ‘Hocu Pocus’ се појави во друштво на нејзиниот сопруг Метју Бродерик, како и нејзината ќерка која нормално се крие од јавноста како змиски нозе. Сите овие години јавноста ретко имаше можност да ги види ќерките на славната двојка, а ова е прв пат нивната мајка да реши да ги донесе на официјалната премиера на еден од нејзините филмови.

Девојчињата Табита и Марион имаат 13 години и се огледало на нивната мајка. Дотерани и многу стилски, веднаш станаа модна сензација, а многумина коментираа дека беспрекорниот моден вкус го наследиле од нивната мајка, која ја нарекуваа една од најголемите стилски икони на сите времиња.Пред ова јавно појавување, Сара Џесика и нејзиниот сопруг Метју ги криеја своите девојчиња од очите на јавноста и очајно се обидуваа да им пружат нормално и здраво воспитување, без медиумска експонираност. Досега нивните фотографии направени од папараците можеа да се избројат на прсти од едната рака, па ова појавување е ретка можност јавноста да види како изгледаат.

Многумина коментираа дека се слични на својот татко, а дефинитивно сите се согласуваат дека израснале во вистински млади дами. Инаку, девојчињата пораснаа во Њујорк во стан во близина на оној во кој се снимаше серијата „Сексот и градот“ која ја прослави нивната мајка.

Сара Џесика и Метју ги добија Табита и Мерион со помош на сурогат мајка, а парот го има и синот Џејмс, кој е актер како неговите родители.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Прекрасни карпести формации, планини со вулканско потекло и оние чии врвови се покриени со снег и мраз… Саудиска Арабија го нуди сето ова и...

Wall Street

Вселенските ентузијасти можат да имаат можност да додадат дел од историјата во нивната колекција… Во јули 1969 година, американските астронаути Нил Армстронг и Баз...

Fool Moon

Актерката Кирсти Ели почина вчера по битка со ракот.Актерката Кирсти Ели почина вчера на 71-годишна возраст по битка со ракот. Тажната вест ја потврдија...

Fool Moon

Латино пејачката пред 20 години го издаде албумот „This Is Me… Then“, а сега доаѓа да и покаже на публиката каква е денес, преку...

Advertisement