Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Љубов како на филм: 6 филмски парови кои се заљубиле за време на филмскиот сет

Иако е вистина дека актерството е подвиг, а не работа, честопати потсвесно размислуваме колку би било добро да имаме работа во која би глумеле љубовни сцени со некои од најубавите мажи во светот. Исто така, ни се случува да се заљубиме во некого со кого поминуваме многу време, а камоли актери кои треба да играат и прикажат не само љубов, туку и страст и хемија.

Кога имаме работа од која страда нашиот приватен живот, важно е да најдеме партнер што го разбира тоа. Затоа актерите најчесто го наоѓаат во рамката во која се наоѓаат. Така, со текот на годините имавме можност да видиме како некои од нашите омилени филмски парови одат заедно на шопинг, се венчаат и создаваат семејство. Иако ниту еден од овие парови повеќе не е заедно, сепак имаме сцени во филмови каде што нивната љубов сè уште трае.

STEP UP (2006)
Ченинг Тејтум и Џена Деван се заубија на снимањето на еден од најпопуларните тинејџерски филмови во 2000 -тите. Тие беа во брак до 2019 година, иако разводот сè уште не е конечен.

THE RUM DIARY (2010)
Пред повеќе од една декада, 14 години помладата актерка, Ванеса Паради, во тој период чекала прстен од Џони Деп, исто како во филмската драма, актерот се заљубил во младата Амбер Херд, а по снимањето на филмот „The Rum Diary“ , решително и многу брзо ја побарал за жена.

VICKY CRISTINA BARCELONA (2018)
Иако се познавале со години пред да глумат неконвенционален брачен пар во филмот „Vicky Cristina Barcelona“, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем ја започнале својата врска дури тогаш. Таа дури и го освоила Оскарот за најдобра споредна улога, играјќи невротична сопруга.

CRUEL INTENTIONS (1999)
Актерката Рис Витерспун и актерот Рајан Филип, исто така, ја пренеле својата хемија надвор од екранот на еден од најконтроверзните тинејџерски филмови од доцните 1990-ти. Тие дури и се венчале во 2002 година, но тие се развеле 7 години подоцна, а приказните за психичкото малтретирање што Рис го трпела со години, сè уште кружат во Холивуд.

THE AMAZING SPIDER-MAN (2012)
Ема Стоун и Спајдерменот Ендру Гарфилд биле заедно од снимањето на овој филм па се до 2015 година, кога спогодбено се разделија. Во новата верзија на Спајдермен глумат Зендаја и Том Холанд, кои пред само неколку месеци и признале на јавноста дека се пар.

GIGLI (2003)
Во моментов најпознатата двојка во светот, Bennifer, ја започнале својата врска на снимањето на филмот „Gigli“, каде Џенифер Лопез толкува улога на платен убиец што лудо се заљубува во скромен и харизматичен дечко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Јужнокинескиот карст на почетокот звучи како евтина роба од Ebay, но не мора да биде. Во овој случај, зборуваме за нешто толку вредно и...

Fool Moon

Карл Лагерфелд, великанот на светската модна сцена, беше еден од најголемите таленти на 20 век и во исто време колекционер со ненаситна жед кога...

Green Tea

Резултатите од истражувањето се многу интересни… Врската помеѓу мирисот и уживањето во храната е јасна и одамна е документирана. Но, дали некогаш ви текнало...

Cotton Club

Провокативниот бел фустан во кој пејачката се појави на црвениот тепих, предизвика поделени мислења, а кога станува збор за оваа креација, дефинитивно нема поделени...

Advertisement