Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Што гледаме во август: Нови филмови и серии на Нетфликс кои не сакаме да ги пропуштиме

Ако сте отишле на море на почетокот на летото, а август го поминувате во градскиот врел бетон, тоа сигурно не ви е лесно. Во работните денови не можете да комбинирате смени на работа со смени на базен, а додека стигнете до некоја наша далечна плажа, сонцето веќе заоѓа. Значи, треба да најдете начин да го пополните слободното време за да можете да се опуштите што е можно повеќе – и за тоа ви требаат само два збора: „Netflix и chill“ (сепак 3, упс). Подолу ви донесуваме кои нови филмови и серии ќе можеме да ги гледаме на Нетфликс овој жежок август.

The Chair
Д-р Јанг повторно се врати на малите екрани, но нема да носи бел мантил. Оваа мрачна комедија ќе има 6 епизоди и заплетот ќе биде насочен кон Jи-Јон Ким, жена која е доведена на чело Катедрата за англиски јазик и литература на престижен универзитет по скандалот предизвикан од еден од професорите со кого таа има однос што не е јасно дефиниран во најавата. Продуцент е актерката Аманда Пит, која ја паметиме од филмот „Убиец со меко срце“.

The Kissing Booth 3
За сите оние кои сè уште се слаби во тинејџерските романтични комедии од времето кога Хилари Даф глумеше во нив, трилогијата The Kissing Booth 3 е нешто што ќе ве расположи по напорниот и спарниот работен ден. Во овој, последниот дел од филмот, љубовната приказна за Ноа и Ел (Дали е тоа можеби омаж за Ноа и Али од легендарниот филм „Бележникот“?) доаѓа до самиот крај. Како и во секој трет дел (се сеќаваме на „Самрак“), и во овој филм ќе бидеме сведоци на љубовен триаголник, неодлучна девојка и едно безгрижно лето што би сакале повторно да го имаме.

Clickbait
Најдобрата форма на Нетлфикс е дефинитивно мини-серијата! Овој пат жанрот е трилер, а главната улога му припадна на Адам Грениер, ѕвездата на серијата „Suite“. Во новата серија Clickbait неговиот живот изгледа совршен, но еден ден тој едноставно исчезнува без трага, сè додека на Интернет не се појави видео со натпис „Злоупотребувам жени“. Ако имам 5 милиони прегледи, умирам“. Серијата ќе се занимава со прашањето на правдата и во чии раце е, како и моќта што ја има интернетот во модерните времиња.

Misha and the Wolves
Еден од жанровите во кои се вљубивме поради Нетфликс е документарниот филм. Во август, добивме неверојатна приказна за белгиски имигрант, која што го одбележува Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот и тажно раскажува како била одделена од родителите на седум години и сместена во католичко семејство со цел да ја зачуваат од нацистите. Тие го промениле нејзиното име во Моник, што предизвикало целосно да ја изгуби свеста за себе. Таа пребегнува и ја преминува цела Европа за да го најде своето семејство, но на патот пронаоѓа нешто сосема друго – голема глутница волци со кои живеела поголем дел од својот живот. Овој документарец ќе се обиде да ја открие вистината зад приказната која повеќе личи на бајка од браќата Грим отколку судбина на една жена.

Beckett
Од кога го гледавме филмот „Сите луѓе на претседателот“, обожававме филмови со политички заговори. Иако овој филм е фикција, сепак секој кадар ќе го задржи нашето внимание. Филмот ја раскажува приказната за еден американски турист во Грција, Бекет, а машката улога ја толкува од дуото Малком и Мари, Џон Дејвид Вашингтон. После трагична сообраќајна несреќа, тој станува мета на опасни луѓе кои ќе направат сè за да го замолчат засекогаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Топ моделот Александра Агостон е заштитно лице на кампањата на брендот Викторија Бекам за сезоната есен/зима 2021 година. Колекцијата, инспирирана од денешните потреби, снимена...

Fine Living

Наместо непотребно горење на дрва, што денес е вообичаена практика поради хиперпродукција и при која се ослободуваат штетни емисии на јаглерод диоксид во атмосферата,...

Four Seasons

Јужнокинескиот карст на почетокот звучи како евтина роба од Ebay, но не мора да биде. Во овој случај, зборуваме за нешто толку вредно и...

Fool Moon

Карл Лагерфелд, великанот на светската модна сцена, беше еден од најголемите таленти на 20 век и во исто време колекционер со ненаситна жед кога...

Advertisement