Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ШАКИРА ЈА ПРЕКИНА ТИШИНАТА И ГИ ОТКРИ ШОКАНТНИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ЉУБОВНИОТ БРОДОЛОМ: „ОВА ДА ГО СКРИЈАМ ОД ДЕЦАТА…“

„За Мене, Едно Големо Разочарување Беше Што Нешто Свето Се Претвора Во Нешто Вулгарно И Евтино…

Колумбиската пејачка Шакира (45) за прв пат проговори по раскинувањето на долгогодишната врска со фудбалерот на Барселона и шпански репрезентативец Жерар Пике (35).

Поранешниот гламурозен пар во јуни објави дека се разделува по 12 години заедно, а имаат два сина Милан и Саша.

  • Беше тешко, не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Се обидов да ја скријам ситуацијата од нив колку што можев. Тоа е многу вознемирувачко за две момчиња кои се обидуваат да ја разберат разделбата на нивните родители. Понекогаш се чувствувам како сето тоа да е лош сон и во одреден момент ќе се разбудам. Но, не, тоа е реално – изјави Шакира во интервју за магазинот Elle.

Познат фудбалер и позната пејачка, многумина се восхитуваа на таа гламурозна врска која изгледаше идеална. Бидејќи што би можело да тргне наопаку? Сепак, човечките постапки се навистина непредвидливи.

  • За мене уште едно големо разочарување беше тоа што нешто свето и посебно, како што го сметав односот со таткото на моите деца, медиумски се претвора во нешто вулгарно и евтино…

Рекла дека распадот на семејството е веројатно една од најболните работи во животот, а додала дека многу шпекулации за нивното распаѓање не се точни.

  • Без разлика како завршија работите или како јас и Џерард се чувствуваме еден за друг како поранешни партнери, тој е татко на моите деца. Ја имаме работата пред нас што треба да ја завршиме за овие две неверојатни момчиња и верувам дека ќе откриеме што е најдобро за нивната иднина, за нивните соништа во животот и што е фер решение за сите вклучени – одговорила Колумбијката на прашањето за битката за старателство над децата.

Ја прашаа и дали крајот на врската со Пике и е изненадување, но таа остана затворена.

  • Тие детали се премногу приватни за да ги споделам додека се е толку ново и чувствително. Дадов сè на оваа врска и на моето семејство. Ја ставив кариерата во втора брзина и дојдов да живеам во Шпанија, да го поддржам за да може да игра фудбал и да освојува титули. И тоа беше жртва од љубов. Благодарение на ова, моите деца можеа да имаат мајка која е присутна, а јас со нив имам неверојатна врска која е нераскинлива и не одржува. Тоа е се што можам да кажам…

Медиумите, особено во Шпанија, детално објавија за раскинувањето на славниот пар кој никогаш не се венчал. Се претпоставуваше дека причината за раскинувањето е тоа што стоперот на Барселона ја изневерува Шакира со други жени, прилично помлади девојки, а имаше и такви кои тврдеа дека причината за раскинувањето има финансиска природа.

Во основа, оваа 2022 година Шакира ја опиша како една од најтешките, најтемните во нејзиниот живот. И поради разделбата со Пике, и поради случајот со наводното затајување данок што го имала во Шпанија, и поради здравствените проблеми на нејзиниот татко.

Се очекува наскоро да оди на суд поради даноците, таа тврди дека е невина во тој случај. А што се случи со таткото?

  • Тој пристигна во Барселона во тешкото време на разделба да биде со мене. Сепак, тој имаше лош пад и мораше да оди на операција на мозокот. Една недела подоцна повторно падна и скрши многу коски на лицето – откри Шакира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Најстариот син на Николас Кејџ изгледа сосема поинаку од неговиот славен татко, но се чини дека имаат заедничка слабост кон жените… Вестон Кејџ Копола...

Cotton Club

Кајли Џенер (25) деновиве е во Париз и ревносно ја следи Модната недела, но модните трендови ги диктира само она. Кајли Џенер на модната...

Fool Moon

Познатата двојка неодамна се раздели, а сега за прв пат беа фотографирани заедно на натпревар кој го играше нивниот син.Познатата пејачка Шакира и нејзиниот...

Cotton Club

Актерката Сара Џесика Паркер е позната по својот женствен и смел стил на облекување, а нејзината гардероба изобилува со константни парчиња од кои не...

Advertisement