Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Цела ноќ или 20 минути: Колку долго треба да трае идеалниот секс?

Надија Бокоди е експерт за секс и блогерка од Австралија, која често дава совети за подобри врски, а сега го допре популарното прашање – колку долго треба да трае сексот – и наиде на сосема различни одговори.

Додека таа била со нејзиниот поранешен партнер, разговарале за тоа колку треба да трае сексот, и додека таа била задоволна од 20-те минути акција, тој сакал да трае со часови.

  • После час и половина секс, му реков дека имам доволно секс за таа ноќ. Целовечерните сексуални маратони можеби беа привлечни за мене кога имав 20-тина години, но по 30-та единствена подолга физичка активност со која може да се справи моето тело е кревање чипс до мојата уста додека ја гледам Мари Кондо во нејзините пижами, рече Надија.

Сепак, прашањето ја заинтригирало, па истражувала што велат научните студии.

Таа открила студија од 1948 година, спроведена од истражувачот за секс Алфред Кинси, според која три четвртини од мажите доживуваат оргазам по само две минути. Сепак, се чини дека ситуацијата малку се подобрувала со текот на времето, па едно истражување од 2008 година покажа дека просечниот секс трае помеѓу 3 и 7 минути. Таа исто така открила студија од 2005 година, во која се тврди дека времетраењето на сексот е од 33 секунди до скоро еден час, што всушност покажува дека не може да се понуди конкретен одговор на ова прашање.

„Интересно е што сите истражувања покажуваат дека на жените им треба подолго време да постигнат оргазам со партнерка, а повеќето мажи се оние кои би сакале сексот да трае подолго. Ова делумно може да се должи на влијанието на порнографијата. Истражувањата покажуваат дека најмалку една четвртина од младите на возраст од 18 до 24 години гледаат на порнографијата како форма на сексуално образование. И, ако го земеме предвид акцентот што порнографијата го става на долготрајна ерекција и маратонски секс, разбирливо е како мажите мислат дека не успеале доколку сексот не трае подолго од 10 минути “, рече таа.

На видеото неодамна објавено на ТикТок, жената прашала колку треба да трае сексот. Таа рече дека разговарала со некои девојки кои ѝ рекле дека ако мажот не може да издржи еден час, подобро тој дури и да не се мачи. Тоа толку ја изненадило што поради тоа објави видео на социјалната мрежа.

  • Па, кој има толку секс? Само пенетрација? Еден час? Не, благодарам, најмногу 15 минути. После тоа, не го сакам повеќе на мене – рече таа во видеото.

Многумина се согласија со неа, но имаше и такви за кои маратоните се најнормална работа.

  • Тажен сум за сите вас. Јас и мојот партнер сме заедно 20 години и нашиот секс трае со часови. Најмалку два или три часа и секогаш е одлично за нас – напишала една жена во коментарите на видеото, пренесува The Sun.

Поради сето ова, Надија заклучи дека всушност има само еден точен одговор на прашањето колку треба да трае сексот.

  • Искрено, всушност нема нормално време за тоа колку треба да трае сексот. За некои од нас, сексот трае цела ноќ, но многу луѓе претпочитаат да го прават тоа брзо за да можат да се вовлечат во пижамите и да заспијат со омиленото шоу на ТВ – заклучи таа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Нашата кожа е составена од повеќе од 50 проценти керамид (церамид), затоа не треба да изненадува што оваа состојка игра витална улога во одредувањето...

Green Tea

Дали е паметно да се елиминира шеќерот целосно од вашата исхрана? Ограничувањето на слатките воопшто не е од корист, и може да биде опасно...

Cotton Club

Синоќешните награди „Златен глобус“ и покрај комбинираниот.н. „phygital“ формат нè враќаше во оние безгрижни времиња кога по доделувањето на наградите би сурфале по Интернет...

Fool Moon

Изненадување нè очекува на 18 март: филмот „Justice League“, чиј автор е Зaк Снајдер, ќе биде објавен на HBO Max. Пред премиерата, беа објавени...

Advertisement