Џејсон Момоа оваа година се разведе од Лиза Бонет, а сега наводно излегува со познатата убавица Еиза Гонзалес, која е повеќе од две децении помлада од Лиза. Ќе трае ли оваа љубов?
Хавајскиот моќник и еден од омилените секси актери во Холивуд, воодушевувачкиот Џејсон Момоа, на почетокот на оваа година ја изненади јавноста со разводот од својата долгогодишна љубов, Лиза Бонет, во која се заљубил како дете.
По пет години брак, двојката одлучила дека нивниот брак завршил, а иако се шпекулираше дека ќе се смират и дека работат на нивната врска, на крајот се испостави дека и на оваа навидум идилична љубовна приказна од црвениот тепих навистина и дојде крајот.

Да потсетиме, Џејсон се заљубил во Лиза кога за прв пат ја видел на телевизија додека бил уште момче, а подоцна судбината ги споила и добиле дете и се венчале. Сепак, среќата не траеше долго, бидејќи сега се зборува дека Џејсон по разделбата утеха нашол во занесната мексиканска актерка Еиза Гонзалес.
Убавата Еиза има 32 години и е тивко страдање на многу мажи, а се прослави глумејќи во мексикански теленовели, по што се проби во Холивуд. Деновиве нејзината наводна романса со Мамоа ги полни таблоидните написи. Интересно е што Еиза е 22 години помлада од поранешната Лиза на Џејсон, која беше дури 11 години постара од него.
Гласините за љубовта меѓу Еиза и Момоа беа поттикнати од нивните чести средби во изминатите месеци, а сега папараците повторно ги фотографираа заедно. Наизглед многу среќната двојка оваа недела го прослави 43-от роденден на Џејсон, а беа фотографирани како заедно се возат на мотор и изгледаат многу блиски.
Интересно е тоа што Еиза беше утеха и за многу други познати мажи по болните раскинувања во минатото. Имено, таа беше утеха за поранешниот сопруг на пејачката Ферги, Џош Духамел, како и за Лијам Хемсворт по неговиот турбулентен развод со пејачката Мајли Сајрус.
Благодарение на многуте афери со познатите момци, Еиза денес го носи епитетот „јадачка на мажи“, а најзапаметена е нејзината романса со младата ѕвезда Тимоти Шаламе, со која беше летото 2020 година. Еиза се бакна и со моделот Дасти Лачович актерот Лук Брејси, но ниту една врска не траеше долго.
Ќе видиме дали и оваа со Џејсон ќе биде осудена на пропаст или сепак е врска базирана на подлабоки чувства, а не само на минлива страст.