Даф призна дека достигнала фаза во која, денес, целосно го прифаќа своето тело и не е заинтересирана никогаш повторно да живее според холивудските стандарди за убавина.
Хилари Даф реши да биде поотворена за прифаќање на своето тело, па во таа прилика позираше гола за насловната страница на магазинот „Women’s Health“ и проговори за тоа како со годините научила да го сака сопственото тело.
Таа се присети дека поминала години се чувствувала исцрпена од постојаното борба со килограмите и обидот да го доведе своето тело во состојба прифатлива за другите. Сето ова резултирало со тоа да се бори со нарушување во исхраната кога имала само 17 години. Даф призна дека стигнала до фаза каде што денес целосно го прифаќа своето тело и не е заинтересирана никогаш повторно да живее според холивудските стандарди за убавина.
– Мислам дека на 34 години стекнав голема почит кон своето тело. Тоа ми помогна да изградам прекрасно семејство. Чувствувам дека колку повеќе стареам, толку сум посигурна во својата кожа. И моето тело помина низ многу промени во формата и големината во текот на животот. Навистина сум фасцинирана од тоа што сум жена, како и сите промени низ кои може да помине нашето тело во текот на својот живот – изјавила актерката.
Даф признала дека не го прифатила целосно нејзиното тело додека не ја добила ќерката Бенкс и сфатила дека е „моќна“ со тоа што повторно станала мајка откако поминала низ развод.
– Терапијата многу ми помага. Се обидувам да работам на Zoom со мојот терапевт најмалку двапати месечно, ако не и повеќе, ако треба. Но, мислам дека треба само да разговарате и да ги имате вистинските луѓе околу вас кои навистина можат да слушаат кога ви треба.
Даф додаде дека се предизвикала себеси да остане доследна во одењето на терапија, споредувајќи колку ни е понекогаш полесно да се фокусираме на изгледот наместо на менталното здравје.
– Се распаѓаме од тренинзите за да го доведеме телото во форма и да изгледаме најдобро. Правиме третмани за лице и ботокс, коса, прамени, веѓи, кревање трепки и слични работи. Но, сакам да работам на она што е внатре – тоа е најважниот дел.