Иако нема навика да споделува моменти од приватниот живот со публиката, Хали направи исклучок и на својот Инстаграм профил објави фотографија со своите деца.
54-годишната sвезда гледа кон морето, гушкајќи ја 13-годишната Нахла и седумгодишниот Марк.
„Единствени важни моменти…“, напиша таа во описот на фотографијата.
Нахла и Марко се деца од бракот со Оливие Мартинез и ретко се појавуваат на социјалните мрежи на нивните славни родители. Сепак, пред две недели Бери повторно направи исклучок објавувајќи фотографија со својата ќерка за да и го честита 13-от роденден. „Колку пати и да кажам дека ја сакам, ја сакам повеќе“, напиша таа.
Актерката објави фотографии од неодамнешната фотосесија што ја направи со своето ново момче Ван Хант, каде што позира во секси проѕирен црвен фустан.
„Јас сум сосема друга личност и мислам дека ми го подобри животот од секој поглед“, изјави музичарот пред неколку дена во интервју за неговата врска со убавата Хали Бери.