Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Фамилијарното стебло на Гучи: Кои се всушност главните членови на оваа модна империја?

Italy - May1972.Maurizio Gucci and his wife Patrizia Reggiani (Credit Image: © Del Puppo/Fotogramma/Ropi via ZUMA Press)

Исто како фениксот, и Гучи мораше да изгори неколку пати за повторно да се издигне од пепелта, а ова циклично повторување на историјата трае веќе точно 100 години. Од своето основање во 1921 година до денес, оваа модна куќа надмина многу предизвици, почнувајќи од семејни кавги и обиди за преземање сопственост, преку речиси банкрот, до убиство. Сето тоа послужи како инспирација за филмот „Куќата на Гучи“, со потпис на Ридли Скот, а во кој главните улоги ги толкуваат Лејди Гага и Адам Драјвер, Патриша Реџиано и Маурицио Гучи. Јасно е – фасцинацијата од овој бренд е вечна и повеќе од очигледна.

Се започнало во 1897 година кога основачот на брендот, Гучио Гучи, почнал да работи во престижниот лондонски хотел Савој како портир. За време на неговата тогашна кариера, аристократијата која престојувала во хотелот го маѓепсувала со своите луксузни куфери и чанти, па Гучи решил својот бренд да го посвети токму на оваа целна група. На ум ги имал и нивните луксузни начини на забава, како јавање коњи, па оттаму доаѓа и препознатливата декорација на Гучи.

Во 1921 година во Фиренца е отворена првата продавница на Гучи, која е и лулка на брендот, додека бутикот во познатата римска луксузна улица Виа Кондоти е отворен во 1938 година.

Меѓутоа, кога Друштвото на народите ги забрани трговските и економските односи со Италија во периодот 1935-1936 година, Гучи не го загуби срцето, туку најде алтернатива за користените материјали – токму тогаш беше создадена познатата шема на Гучи, а наскоро и првата успешна серија на куфери. Производството на кожни производи продолжило и по Втората светска војна, кога неговиот син Алдо почнал да користи свинска кожа, која набрзо станала препознатлив материјал на модната куќа. Се верува дека во овој период е произведена првата торба (чанта) со рачка од бамбус, инспирирана од обликот на седлото.

Гучио Гучи, инаку, бил оженет со Аида Калвели со која имал пет сина (од кои едниот се викал Енцо и починал на 9-годишна возраст, 1913 година) и една ќерка. По смртта на Гучи, модната империја ја наследија неговите синови, додека неговата ќерка Грималда била оставена настрана.

Хуго Калвели Гучи, најстариот син, всушност бил роден како Хуго Пелагали во 1899 година од претходниот брак на неговата мајка Аида. Гучио подоцна го посвои. За него се знае многу малку – тој бил оженет со Делија Векоси со која имал три деца. Иако не е прецизирано на кој начин, Хуго играл важна улога во империјата Гучи. Починал во 1973 година.

Веќе споменатиот Алдо Гучи е роден на 26 мај 1905 година и бил најстар биолошки син на Гучи и Аида. Всушност, тој е веројатно најпознатиот меѓу неговите браќа. Од 16-годишна возраст, работел со скратено работно време во првата продавница на неговиот татко во Фиренца, а по училиште решил да работи за семејниот бренд со полно работно време. Тој ја отвори својата прва продавница надвор од Фиренца во 1938 година и оттогаш е сериозно посветен на проширување на империјата Гучи. Алдо како менаџер ги контролирал сите продавници на Гучи од 1953 до 1986 година. Две недели пред смртта на Гучи во 1952 година, тој отпатува во Њујорк со неговите браќа Родолфо и Васко и таму ја отвори првата американска продавница, по што следеа операции во Чикаго, Палм Бич, Беверли Хилс, Токио и Хонг Конг. Интересно е тоа што претседателот Џон Ф. Кенеди го прогласил за првиот италијански амбасадор на модата, а исто така добил почесно признание од Градскиот универзитет во Њујорк за својата филантропска работа. Кога починал неговиот брат Васко, Алдо го споделил семејниот бизнис со Родолфо. Тој бил оженет со Олвен Прајс, каде израснале свои три сина, Џорџ, Паоло и Роберт, а со Бруно Паломбо ја има вонбрачната ќерка Патриша, со која подоцна се ожени. Починал од рак на простата во Рим, во јануари 1990 година, на 84-годишна возраст и е погребан во мавзолејот на семејството Гучи во Фиренца.

Иако беше дел од семејниот бизнис, Родолфо Гучи беше повеќе фокусиран на својата актерска кариера. Роден е на 16 јули 1912 година, а под уметничкото име Маурицио Д’Анкора се појавил во повеќе од 40 филмови помеѓу 1929 и 1946 година. Сепак, Родолфо ќе остане запаметен и по креирањето на шалот Гучи Флора специјално за Грејс Кели. Откако Алдо доби половина од семејниот бизнис и основаше компанија за парфеми, задржувајќи 80% од сопственоста за него и неговите три сина, започнаа првите несогласувања во семејството бидејќи неговите синови сметаа дека тој не придонел доволно за развојот на познатата Италијанска империја. Родолфо почина во Милано во 1983 година и беше татко на Маурицио Гучи, роден за време на неговата врска со италијанската актерка Сандра Равел (1910-1954).

Најстариот син на Алдо, Џорџо Гучи, се обидел да научи од својот татко сè што му е потребно за успешен семеен бизнис. Џорџо стана еден од главните дизајнери на модната куќа, а неговите креации ги носеа Одри Хеберн, Софија Лорен, Џеки Кенеди, па дури и Елизабет Тејлор и нејзиниот тогашен сопруг Ричард Бартон. Исто како и Алдо, тој се интересирал и за коњи и јавање, што можело да се забележи во неговата работа. Тој почина во декември 2020 година на 92-годишна возраст.

Вториот син на Алдо, Паоло Гучи, имаше кратка епизода во семејниот бизнис. Тој беше одговорен за фабриката во Фиренца, но потоа реши да се пензионира. Тогаш брендот го именувал по своето име, но кога се преселил на југот на Англија со неговата девојка од Италија, тој наводно прогласил банкрот откако го продал својот дел од франшизата Гучи.

Не се знае многу за најмладиот син на Алдо, Роберт Гучи. Роден е на 29 ноември 1932 година во Фиренца и бил задолжен за отворање на првата продавница на Гучи во Брисел, Белгија. Беше во брак со Друсила Каферели со која има шест деца и тоа: Козимо (1956), Филипо (1957), Уберто (1960), Марија-Олимпија (1963), Домицила (1964), Франческо (1967).

Како што веќе спомнавме, Патриша Гучи е единствената ќерка на Алдо која ја добил во вонбрачна врска со Бруно Паломбо, на 1 март 1963 година. Алдо и Бруно се запознале кога работела во водечката продавница Гучи во Рим, но тогаш прељубата во тој момент била нелегален чин во Италија, и набрзо се преселиле во Англија. Бруна и Алдо официјално се венчале кога Патриша имала само 24 години и кога таа веќе била во одборот на директори на Гучи. Во 2016 година, Патриша напишала мемоари „Во името на Гучи“ во кои откри дека дознала за другото семејство на нејзиниот татко кога имала 10 години. Таа била во брак со музичкиот директор Џозеф Руфал, со кој има три ќерки Александра, Викторија и Изабела, а откако се разведе во 2007 година поради обвинувања дека сексуално ја злоставувал нивната најстара ќерка.

Маурицио Гучи е внук на Алдо и син единец на Родолфо. Тој е роден на 26 септември 1948 година и го наследил мнозинскиот удел на неговиот татко во семејната компанија. Ќе остане запаметен по тоа што започна правна војна против Алдо за да добие целосна контрола над модната куќа, а случајот го водел дури и познатиот адвокат Руди Џулијани. Во 1993 година, тој ги продаде своите акции во Гучи за 170 милиони, пет години откако исто така продаде 47,8% од целата франшиза на истиот инвеститор, „Investcorp“. Во време кога Гучи беше во сериозен дефицит, тој беше обвинет дека потрошил огромни суми пари на продавници во Фиренца и Милано. Од 1972 година, тој е во брак со Патриша Реџиано, со која има две ќерки, Алегра и Алесандра. Откако ја остави за друга жена, наводно Паоле Франси, парот се разведе во 1991 година. Како што сега знаеме, тој е убиен од платен убиец најмен од тогашната негова сопруга, на 27 март 1995 година.

Сега кога ви ја скокоткавме имагинацијата, веруваме дека филмот „House Of Gucci“ ќе биде уште поинтересен, но и појасен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Оскаровката Хали Бери е во шестата деценија од животот, а ние ја откривме тајната на нејзиниот неверојатен изглед. Традиционално се очекува од холивудските ѕвезди...

Fool Moon

Кристина Агилера има убав глас, но лоша репутација, а доказ за тоа се многуте тепачки во кои била вклучена пејачката. Кристина Агилера стана светски...

Four Seasons

И покрај високо развиениот банкарски систем на Швајцарија, нејзините жители ретко користат картички за плаќање и претпочитаат готовина. Штом некој ќе ја спомне Швајцарија,...

Cotton Club

Што да се даде на девојката која има сè? Една опција – исклучително ретка чанта HERMES BIRKIN. На 10 август Крис Џенер на својата...

Advertisement