Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Убаво профитирале од разделбата: Ова се најскапите и најскандалозните разводи на сите времиња! (ФОТО)

Разводот сам по себе е многу тежок и стресен. Кога сè уште имате многу пари, разводот може финансиски да ја „повреди“ едната страна, додека другата убаво да профитира.

Ова се најскапите и најскандалозните разводи на холивудските ѕвезди:

Мајк Тајсон

После 8 месеци брак со Мајк Тајсон, Гвен доби околу 10 милиони долари. Како причина за разводот се наведуваат непомирливите разлики, иако многумина ја обвинија дека се венчала планирано и само заради пари.

Џенифер Лопез и Крис Џад

Џенифер Лопез скапо ја плати љубовта со Крис Џад. По бракот, што траел нешто помалку од една година, пејачката морала да плати 14 милиони долари. Иронијата е што двајцата се сретнаа на снимањето на спотот на пејачката за песната „љубовта не се купува“

Доналд и Ивана Трамп

Пред Меланија, Доналд Трамп ја сакал Ивана. Сепак, во 1992 година, нивниот брак се најде на тенок мраз по шпекулациите дека Доналд бил неверен на неговата сопруга. За разделбата Трамп морал да плати 20 милиони долари.

Мадона и Гај Ричи

Мадона и филмскиот режисер Гај Ричи поминаа 8 години во брак, за тоа време тие го добија синот Рок и посвоиле уште едно дете, Дејвид. Сите зборуваа за нивниот развод, што се случи во 2008 година, тоа беше тема број еден. Богатството на Мадона, кое во тоа време изнесуваше 300 милиони евра, значително се намали, бидејќи таа требала да му плати на поранешниот сопруг 80 милиони.

Мел Гибсон и Робин Мур

Мел Гибсон и Робин Мур се венчале во 1980 година. За време на 30 години брак, тие имале 7 деца. Иако сè изгледаше идилично, вистина е дека Робин страдала од неговите чести измами, а капката што се прелеа чашата била врската на Мел Гибсон со тогашната млада русинка Оксана Григориева. Откако ја изневерил сопругата со Оскана, таа побарала развод и половина од имотот, па актерот остана без 170 милиони евра, но и приватниот остров што го поседувал.

Освен финансискиот дебакл, доживеал катастофална љубов, бидејќи со Оскана се раздели само по неколку месеци, и тоа прилично насилно.

Арнолд Шварценегер и Марија Шривер

Арнолд Шварценегер и Марија Шривер се венчале во 1986 година, а само неколку недели по сребрената венчавка следеше развод. Причината за разводот е вонбрачното дете на Арнолд, кое во тоа време имало 10 години.

За да ја олесни разделбата, Марија доби околу 225 милиони евра.

Кевин Костнер

Кевин Костнер и платил за неверството 74 милиони евра на сопругата Синди Силви.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Ако некогаш сте копнееле во вереничкиот прстен на војвотката од Кембриџ и сте посакале да го имате сами – не сте единствените. Според новото...

Fool Moon

Додека нејзината внука во Лос Анџелес се подготвуваше за доаѓањето на првото дете, славната Џулија Робертс реши да најде пауза од обврските на песочните...

Cotton Club

Откако латино дивата Џенифер Лопез реши да ги соблече своите непотребни партали за да го промовира својот нов сингл, 36-годишната ријалити sвезда Клои Кардашијан...

Fool Moon

Големиот спој е редок и посебен астролошки настан што се случува најчесто еднаш во 20 години. Тоа подразбира средба на Јупитер и Сатурн во...

Advertisement