Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Тие се едни од најпознатите луѓе во Грција, а всушност воопшто не се Грци

Тие не се Грци, но ја славеа Грција низ целиот свет на најдобар можен начин. Некои од нив го привлекуваат вниманието на јавноста дури и по многу контроверзии.

Запознајте 5 грчки sвезди, кои не се од грчко потекло.

Eleni Foureira

Светот слушна за Елена кога таа го претставуваше Кипар на Евровизија 2018 година. Бидејќи по тој повод успеа да го заземе 12-то место, се смета за најдобар пласман на островот во историјата на споменатото натпреварување.

Инаку, Елени има албанско потекло и е родена како Ентела Фурерај.

Кога имала 10 години, со своето семејство се преселила во Атина во 1997 година, каде пораснала.

Својата музичка кариера ја започна во 2007 година, во групата Mysique, а само три години подоцна потпиша договор со Universal Music Greece и започна соло кариера.

Неколку пати се пријавила и за претставник на Грција на Евровизија, но не била избрана.

Giannis Antetokounmpo

Познатиот Greek Freak е роден во Атина во 1994 година. Неговите родители се имигранти од Нигерија, кои живеат во Грција од 1991 година.

Особено интересен факт е дека Јанис, кој ја прослави Грција, многу емотивно се заблагодари кога беше прогласен за најкорисен играч на НБА-лигата во 2019 година, најпрво на неговите родители, односно неговата мајка, а потоа и на државата што му го овозможи тоа, всушност, до 18-годишна возраст, тој не бил државјанин ниту на Нигерија ниту на Грција.

Денес, тој живее со своето семејство во Милвоки.

Tamta Goduadze

За време на серијата „Супер идол Грција“ во 2004 година, Тамта го зазеде второто место и оттогаш е популарна.

Нејзиното потекло е грузиско-грчко, а остана запаметена како претставничка на Кипар на Евровизија 2019, каде заврши на 13-то место.

Родена е во 1981 година во Грузија. Таа се омажила рано и роди ќерка, а по разводот се преселила во Атина.

Својот прв сингл го издаде во 2004 година.

Sin Boy

Грчкиот рапер со албанско потекло е роден како Теодорос Агустин Гега во 1994 година во едно од предградијата на Атина.

За време на гостувањето во една телевизиска емисија, тој спомена дека ги смета и Албанија и Грција за свои земји, но дека во Грција бил дискриминиран во одредени моменти поради неговото потекло.

Причината зошто тој не сакал да стане грчки државјанин е обврската да служи воен рок од една година. Тој едноставно помислил дека на тој начин ќе ги лиши своите многубројни обожаватели.

На некои им се допаднала одлуката, на некои не, исто како што на некои не им се допаднало неговото потекло, а на некои воопшто не им пречело.

Megi Drio

Во моментов, една од најпознатите модели во Грција е Меги Дрио, Албанка по потекло, која со своето семејство се преселила во Грција кога имала 13 години.

Токму поради своето потекло, доживеала многу непријатности, па во едно интервју изјави дека тоа е главната причина за да го заврши средното училиште преку онлајн настава. Таа исто така изјави дека не се срами од своето потекло.

Учествуваше како судија во серијата Следниот врвен модел во Грција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Во моменти на страв и напади на паника, обично забораваме прво да дишеме, што само ја отежнува ситуацијата за нас. Затоа, д-р Ендру Вале...

Cotton Club

Зимски капут од соништата. Јакни од сите видови тешко може да се наречат нешто навистина оригинално. Дури и ултра-гломазните модели станаа прилично чест основен...

Fool Moon

Почина на 87-годишна возраст. На почетокот на јануари, Лери Кинг беше хоспитализиран во Лос Анџелес, откако доби Ковид-19. Култниот новинар, еден од најхаризматичните анкетари...

Green Tea

Како да се зајакне имунитетот? Еден начин е да се следи внесот на цинк. Поради некоја причина, овој микроелемент често се заборава, иако неговиот...

Advertisement