Нејзиното богатство се проценува на 140 милиони долари, таа е основач на успешен вински бизнис и води среќен семеен живот со нејзиниот сопруг Бенџи Маден и нивната ќерка Редикс.
Токму затоа обожавателите на Камерон Дијаз беа прилично изненадени кога беше откриено дека 50-годишната актерка се враќа од пензија, по осум години пензионирање од филмската индустрија, за романтичната комедија на Нетфликс „Back In Action“. Имено, Дијаз официјално објави дека го напушта актерството во 2018 година за да посвети повеќе време на себе и на својот сопруг, рокерот Бенџи.

Една година подоцна, во декември 2019 година, таа стана мајка на малото девојче Редикс и нагласи дека не може ни да замисли да го остави своето дете да се занимава со 14-часовно снимање. Сепак, малку се знае за претстојната акциона комедија, во која таа повторно ќе се соедини со нејзиниот близок пријател Џејми Фокс, со кој глумеше и во нејзиниот последен проект, Ени од 2014 година.

По повод враќањето, Дијаз на својата приказна на Инстаграм напиша: “Џејми Фокс, само ти можеш да ме вратиш во акција. Едвај чекам, ќе биде одлично!”. Фокс специјално го ангажираше познатиот американски фудбалер Том Брејди за да ја убеди пензионираната актерка да се врати на сетот по долга пауза.
Крајот на пензионирањето на Камерон беше објавено преку порака споделена на Твитер профилот на Фокс во јуни. За време на тој повик, Дијаз нагласи колку е загрижена за објавата.

Таа изјави: „Толку сум напната во моментов, шетам низ собата… Не знам што да правам“. Тогаш Фокс го доведе 44-годишниот Брејди, познат по својата неодлучност да направи пауза во кариерата, за да и даде неколку совети.
„Разговарав со Џејми и тој ми рече дека ти треба совет како да се „пензионираш“, а јас сум релативно успешен во тоа“, ѝ рекол Брејди на актерката. Фокс исто така објави порака во која вели дека му е потребна помош за да ја убеди Дијаз да се врати на актерството, опишувајќи ја како најдобрата на сите времиња.

„Камерон, се надевам дека не си лута што го снимив ова, но сега нема враќање назад. Морав да го повикам најголемиот на сите времиња за да ја повика најголемата на сите времиња“, нагласи Фокс.
За време на појавувањето на „The Tonight Show With Jimmy Fallon“ во септември, Дијаз сподели: „Веќе направив два филма со Џејми, што е фантастично. Последниот филм што го направив беше „Annie“, а тоа беше со Џејми и сега.Тој е толку одличен, толку е едноставен, тој е толку талентиран и јас сум возбудена само што ќе можам да работам со него. Ќе биде многу забавно.”
