Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Статуа на Harry Potter ќе биде откриена на лондонскиот плоштад Leicester Square

Официјална статуа на Хари Потер ќе биде подигната на лондонскиот плоштад Лестер овој месец. Статуата, создадена од скулпторот Andrzej Szymczyk, ќе ги надополни сцените во филмската галерија „Сквер“, во која веќе се сместени споменици на ликови како што се Laurel & Hardy, Bugs Bunny, Gene Kelly додека пее Singin’ in the Rain, Mary Poppins, Mr Bean и Paddington.

„Приказната за Хари Потер ги фасцинираше обожавателите од сите возрасти со децении и се надеваме дека ќе продолжи да им носи радост на луѓето“, рече претставник на проектот.

Стаута го портретира актерот Даниел Редклиф во својата позната улога, од првата филмска адаптација на „Хари Потер и каменот на мудроста“.

Статуата ќе биде поставена на северната тераса на плоштадот во близина на местото каде премиерно беше изведена франшизата во 2001 година.

„Статуите во оваа импресивна инсталација претставуваат некои од најзначајните ликови и актери во филмската историја и ние сме воодушевени што го гледаме Хари Потер како лебди над плоштадот“, коментира Џош Бергер, претседател на глобалниот развој за франшизата Хари Потер на Ворнер Брос.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Комбинациите на облека на sвездите на уличниот стил имаат многу да ни кажат за модата и трендовите секоја сезона, а тоа не се однесува...

Fool Moon

Серијата „Сексот и Градот“ својата прва епизода ја емитуваше за 6 милиони гледачи ширум светот на 6 јуни 1998 година. Со текот на времето,...

Fool Moon

Ако сте во врска со Шкорпија, можете да бидете сигурни дека дефинитивно нема да ви биде здодевно. Тие се полни со енергија, страсти и...

Fool Moon

За да не паднеме во рутина, доволно се мали промени, па најдовме стручни совети. Сексот е многу забавен, но ако сме долго време со...

Advertisement