Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Со улогата на стриптизета, ја полуде светска јавност и добила статус на најсекси актерка во 90-тите

Иако за време на нејзината долгогодишна актерска кариера играла голем број улоги во серии и филмови, американската актерка Елизабет Беркли сепак многумина ја паметат по улогата на го-го-танчерка Номи Мелоун во филмот „Showgirls “ од 1995 година.

Во последниве години, оваа русокоса убавица се посвети на мајчинството, пишувајќи книги и добротворна работа, а по долга пауза со јавни настап и прекрасен изглед минатиот викенд го збогати 46-тото издание на наградите People’s Choice.

Пред да одлучи да изгради кариера како актерка, денес 48-годишната Елизабет студирала англиска литература, а по дипломирањето започнала да се занимава со моделирање, станувајќи заштитно лице на позната американска агенција.

Првата улога ја доби во филмот „Fog “ во 1987 година, а потоа и во сериите „Day by Day“ (1988 г.) и „Saved by the Bell“ (1989 г.). Потоа се појави во сериите Life Goes On и Baywatch, рамо до рамо со Памела Андерсон и Дејвид Хазелхоф.

Сепак, филмот Showgirls од 1995 година ја одбележа нејзината актерска кариера. Улогата на го-го-танчерка Номи Мелоун тогаш и го донесе епитетот на една од најсексапилните жени во светот на филмот, но и обезбеди неколку Златни малини за најлоша глума и дебитант.

На овогодинешните Награди „People’s Choice“ во Санта Моника, Беркли конечно се појави во јавноста по подолга пауза, а за целите на наградата сними забавна скица со колегите од тинејџерската серија Saved By The Bell. Иако поминаа 27 години од нејзинот ангажман, американската актерка сепак привлекува внимание со својот младешки изглед, а оваа година ќе ја повтори улогата на Џеси Спано во новата верзија на хит серијата од 80-тите.

Од 2003 година, Беркли е во брак со уметникот Грег Лорен (внук на модниот дизајнер Ралф Лорен), со кого во 2012 година го доби синот Скај Кол, по главната улога во „Step it up and dance“ и натпреварот во американската верзија на шоуто Танц со Sвездите се посвети на добротворна работа и пишување книги со фокус на проблемите на младите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Историски момент. Бајден официјално стана 46-от американски претседател. Политичарот положи заклетва во Вашингтон, а со него ја презеде Камала Харис, првата жена што стана...

Fine Living

Меѓу глобалните трендови на иднината, за кои зборуваат експертите, има еден што дефинитивно предизвикува симпатија и интерес. Се појави во 2020 година, најпрво како...

Fool Moon

На една од неговите посети, Садгуру одговори на прашањето какво е значењето на процесот на чистење на аурата во храмот Линга Баирави и зошто...

Green Tea

Направете овесно брашно за само неколку минути, со единствена состојка и процесор за храна или блендер. Овесното брашно е без глутен и е совршена...

Advertisement