Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сместен во установа за лекување: Што се случува со принцезата Шарлин од Монако?

Princess Charlene The royal family of Monaco posing at the balcony of the Grimaldi castle for the National Day festivities on November 19th 2019.,Image: 483702899, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Georges Kaplan / KCS Presse / Profimedia

Од денот кога била олимписка пливачка до бракот со принцот Алберт – животот на принцезата Шарлин од Монако привлекува голем интерес.

За жал, оваа година принцезата се појави на сите насловни страници во светот поради влошената здравствена состојба.

По тој повод, Палатата на Монако ја даде следната изјава:

„Ноќта на 1 септември, нејзиното височество принцезата Шарлин од Монако беше однесена во болница откако се разболе поради компликации од сериозна ОРЛ инфекција.“

Според извештаите, мајката на две деца „колабрирала“ пред наводно да биде „пренесена“ во болницата Неткер Алберлито во Јужна Африка.

Оттогаш нејзината состојба е „стабилна“, а минатиот месец принцот Алберт изјави за магазинот People дека неговата сопруга е „подготвена да се врати дома“.

Сепак, само неколку дена по нејзиното враќање дома, беше објавено дека принцезата Шарлин е примена во установа за лекување надвор од Монако.

„[Нејзиното враќање] помина прилично добро во првите неколку часа, а потоа стана очигледно дека не е добра“, објасни принцот Алберт. „Таа очигледно беше исцрпена, физички и емоционално.

Тој потоа одговори на гласините дека заминувањето на принцезата Шарлин е предизвикано од лошата ситуација во нивниот брак: „Тоа не се проблеми во нашата врска – не во односот меѓу мажот и жената. Различно е“.

Принцезата Шарлин од Монако неодамна била во контакт со рускиот милијардер и поранешен партнер на супермоделот Наоми Кембел.

Според наводите, Владислав Дороноњин и давал поддршка на 43-годишната принцеза во периодот на нејзиното лошо здравје.

Принцезата Шарлин неодамна објави фотографии на Инстаграм на кои се гледа нејзиното големо слабеење, како и поинаков изглед од она по што сите ја паметат.

Во галеријата погледнете ги наведените фотографии на принцезата Шарлин, како и оние од претходните години кога таа била со сопругот Алберт и извршувала многу кралски должности.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement