Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Следејќи го примерот на Џеј Ло, Анџелина се вратила кај поранешниот сопруг?

Забележана пред неговата зграда!

Враќањето кон поранешната љубов се чини стана тренд во светот на славните. Откако Џенифер Лопез неодамна шокирала со раскинувањето на веридбата со Алекс Родригез и многу брзо се врати кај поранешниот сопруг Бен Афлек, за слично сценарио сега се шпекулира со актерката Анџелина Џоли. Според очевидци, таа била видена пред домот на нејзиниот прв сопруг Џони Ли Милер во населбата Дамбо во Бруклин. Иако можеби не очекувала, сето тоа било снимено од папараците, чии фотографии многу брзо се рашириле низ целиот свет.

Како што може да се види на фотографиите, во едната рака Анџелина имала чанта Louis Vuitton, а во другата шише со скапоцено вино Peter Michael. Сè се случило во петокот навечер, а поради сите детали, многумина веруваат дека нивната романса е обновена. Инаку, поранешните сопружници останале добри пријатели и по разводот, а познато е дека Анџелина во една прилика отворено изјави дека жали за нивниот развод.

„Џони и јас никогаш не се скаравме и никогаш не се повредивме. Јас навистина сакав да бидам негова сопруга. Сакав да му се предадам“, додаде таа во една прилика за Calgary Sun. Пет години по разводот, во едно интервју за B Magazine во 2004 година, таа рекла дека разводот со Милер е „најглупавото нешто што го направила некогаш“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Нијанси инспирирани од птици. Dior Makeup се подготвува за претстојната есенска сезона со колекција наречена „Birds of a Feather“, која се состои од палети...

Wall Street

Многу Олимпијци, освојувачи на златни, сребрени или бронзени медали, претставуваат луѓе богати по дух, но и по пари … Како што знаете многу добро,...

Green Tea

Овесната каша е богата со диетални влакна кои го стимулираат варењето, го балансираат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, и се наметнува како...

Fool Moon

Стресот е толку сеприсутен во нашите животи што сме скоро навикнати на него – би било чудо ако не се нервираме кога ќе се...

Advertisement