Американската актерка со кубанско потекло ја прифаќаше секоја улога што и изгледаше забавна, но тоа нема да биде случај во иднина.
Актерката Ева Мендез (48) направи нешто што не се гледа често во Холивуд – направи осумгодишна пауза.
Откако стана мајка, таа реши да се посвети на семејството, пред се на ќерките Есмералда и Амади, кои ги доби со колегата Рајан Гослинг, а потоа одби да се врати на својата работа. Како што сега истакнува,плановите се сменети таа е подготвена да се врати во Холивуд, но под нејзини услови.

- Имам многу кратка листа на работи што ќе ги направам – истакна Ева при гостувањето во The View. – Пред да се родат децата прифакав проекти да бидат забавни, но сега нема да правам ништо што има насилство и сексуалност.
Таа истакна дека не би сакала да добие ваква понуда.
- Се надевам. Но, мора да биде убаво и чисто – рече Ева и на забелешката на Вупи Голдберг дека може да биде „Дизни“ проект, додаде: – Дизни! Совршено!
Последната улога на Ева Мендез беше во филмот „Изгубена река“ во 2014 година, а нејзината последна главна улога беше во 2012 година во драмата „Девојка во развој“.
