Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сама се шминкала, не користела регенератор. Тајните за убавина на Елизабет Тејлор

Една од најубавите жени на сите времиња сакала да прави работи – на свој начин.

Елизабет Тејлор во историјата ќе остане како една од најголемите филмски актерки која освокуваше со своите прекрасни виолетови очи кои секогаш дополнително ги потенцираше. Но, нејзината рутина за убавина не беше многу честа појава, ниту беше секогаш нешто што би го очекувале од дивата.

Таа сама се шминкаше, не само приватно, туку и за црвените теписи и настани, па дури и филмови како „Клеопатра“. Иако шминкерот Алберто Де Роси подготвуваше скици за шминка, поради повреда на грбот не можеше да работи на филмот, па Елизабет, следејќи ги неговите дизајни, се шминкаше сама за тие култни сцени.

Но, тоа не е единственото нешто што сама го создала – таа била одговорна и за фризурите и признала дека отсекогаш си ја потстрижувала косата, сама, а носела и бројни перики.

Сакаше богати, обемни и натапирани фризури, па избегнуваше балсам бидејќи се плашеше дека тоа ќе ја „измазни“ косата премногу, но со денешните формули нема таков страв.

Кога станува збор за шминката, таа знаеше дека нејзиниот најсилен адут се нејзините очи, па сакаше да ги истакнува со ајлајнер. Таа не користеше црн, туку темно сив молив, кој го нанесуваше во неколку слоеви и нијанси. Спротивно на популарното верување, таа никогаш не носеше вештачки трепки, туку едноставно имаше природно бујни трепки. Внимание привлекоа и густите темни веѓи кои совршено го надополнуваа целиот изглед, а Елизабет Тејлор ги исцртуваше уште од мали нозе. Но, целиот повеќечасовен процес на шминкање би започнал со половина час шминка на нејзините усни, на кои таа обично нанесувала сјај и кармини во розови нијанси.

По завршувањето на шминката изгледаше време за – бањање! Овој необичен чекор што би го очекувале на почетокот на рутината ќе резултира со конечна, сјајна завршница на тен создаден од водената пареа на кожата. Денес, за среќа, постојат различни хајлајтери, така што нема ризик да го расипете и размачкате целиот внимателно создаден изглед.

Таа знаеше дека мирисот е исклучително важна ставка за луѓето да се сетат на нас, па во 1987 година таа создаде свој парфем под свое име и на тој начин стана првата славна личност која ја отвори вратата за многу други славни мириси и производи за убавина.

Но, иако знаеше голем број трикови, таа посочи една работа, навидум достапна за сите, како најважна тајна за добар изглед: добар сон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Многу сопственици на куќи денес, барем оние што можат да дизајнираат свој дом, избираат винарски визби како една од клучните простории… Кога треба да...

Wall Street

Просторот за криптовалути сега вреди над 2 трилиони долари, и сите од производители на автомобили од висока класа до луксузни туристички компании се борат...

Fool Moon

Пинк често се смета за женствена, несериозна, нежна, романтична … но низ историјата ја носеа моќни жени кои беа незаборавни во фустани во различни...

Cotton Club

Новиот простор од 800 квадратни метри ќе го содржи најдоброто од овој бренд, вклучувајќи колекции Ready-to-Wear, чанти, чевли и додатоци. Исто така, ќе содржи...

Advertisement