Познатата американска актерка конечно се врати во светот на филмот и на сечие изненадување ни откри дека причината за нејзиното повлекување не е да му се посвети на семејството, како што најмногу се мислеше.
Да, секако, фактот што стана мајка во изминатите две децении, превземала грижа за нејзините три деца, посветувајќи се на семејството, е само дел од нејзината одлука да се повлече од Холивуд, но тоа не е прва, поточно главна причина.
„Да прочитав нешто за кое сфатив дека е ниво на пишување како некои од популарните остварувања во кои играв, сигурно ќе ја прифатев улогата. Сепак, такви улоги немаше до овој филм, чие снимање штотуку е завршено“, открила Џулија и додала дека најверојатно ќе кажела не доколку Џорџ Клуни не ја прифатил улогата.
Актерката се врати во жанрот по 20-годишна пауза од „Ticket to Paradise“, толкувајќи ја улогата заедно со нејзиниот долгогодишен пријател Џорџ Клуни.