Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Првото официјално појавување на Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе остане запаметено по жешките бакнежи, прегратки но и неочекуваната опуштеност на Бен

Премиерата на новиот филм на Ридли Скот „Последниот дуел“ на Филмскиот фестивал во Венеција, исто така, ќе биде запаметена по првото официјално појавување на ново-старата златна двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек. Целото внимание беше насочено кон спектакуларниот фустан од длабокото деколте на латино дивата, но и на никогаш поопуштениот актер кој освен што не ја тргна насмевката од лицето, не можеше да ги тргне рацете од заводливиот музичка ѕвезда.

Џенифер Лопез и Бен Афлек си дадоа втора шанса за љубов, дури дваесет години откако нагло ја прекинаа веридбата. Одлучиja да го посетaт филмскиот фестивал во Венеција, 78 -ми по ред и да позираат заедно на црвениот тепих за прв пат.

Латино дивата блескаше во бела вечерна тоалета со длабоко деколте на либанскиот дизајнер Џорџ Хобејке од неговата есенска колекција на висока мода за 2021 година.

Станува збор за фустан украсен со светкави камења што ја следи линијата на телото. Елегантниот модел со прерамки , исто така, го истакна тенот на Џенифер.

Американската пејачка и актерка носеше сребрена чанта и елегантни сандали Макс со потпис на малезискиот дизајнер на чевли Џими Чу. Иако доаѓаат со вртоглава пета од дури 15 сантиметри, Џенифер Лопез без проблем чекореше по црвениот тепих во нив.

Бен Афлек, пак, носеше класичен црн смокинг со бела кошула и вратоврска.

Двојката последен пат се прошета на црвениот тепих пред дваесетина години, на премиерата на заедничкиот филм „Gigli“. Тие ја обновија својата романса во април оваа година, откако Лопез ја раскина веридбата со пензионираниот безбол играч Алекс Родригез и Афлек ја прекинаа неговата врска со актерката Ана де Армас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Приватните авиони се дел од секојдневниот живот на најбогатите луѓе во светот, но очигледно, овој модел ќе биде достапен само за некои од нив…...

Fool Moon

19-годишникот е фудбалер на Форт Лодердејл. Ромео Бекам во моментов живее во Мајами, откако ги заврши студиите во Обединетото Кралство на почетокот на оваа...

Four Seasons

Кога актерот Марлон Брандо го купи приватниот остров Териароа, по снимањето на „Бунт на Баунти“ на блиските Тахити и Муреа, тој го опиша островот...

Cotton Club

По импресивниот успех во Париз, Шангај и Лондон, изложбата „Кристијан Диор: Дизајнер на соништата“ наскоро ќе ужива долго во Музејот во Бруклин, во Њујорк....

Advertisement