Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Пејачот вели дека биле во врска, актерката вели дека е морничав старец: Приказна од 90-тите што ја шокираше Натали Портман…

Некои и веруваат, некои нему, но едно е јасно – многу работи се погрешно протолкувани.

Еден од најголемите скандали во светот на познатите во последниве години избувна кога музичарот Ричард Мелвил Хол, попознат како Моби, ги објави своите мемоари од 2019 година (Then It Fell Apart).

Покрај бројните детали за неговиот живот и долгата кариера, како едно од најинтересните се издвои тврдењето на Моби дека бил во врска со актерката Натали Портман во текот на 1990-тите.

Како што опишал, во времето кога тој имал 33, а Натали само 20, се запознале на бекстејџот на неговиот концерт во Остин, Тексас, по што се заљубиле. Наводно кратко издржале, па раскинале,а Портман запознала некој кој и бил поинтересен.

  • Сакав само едно: да ме остават на мира… Ништо не беше поттик за моите напади на паника повеќе од тоа кога и пријдов на жена за која се грижев – напиша музичарот.

Меѓутоа, кога слушнала за овие тврдења, Натали Портман останала шокирана бидејќи, како што истакнува, никогаш во животот не била во врска со Моби.

Бев изненадена што кратко време се познававме,Аа тој сметаше за врска бидејќи го паметам само како многу постар маж кој беше морничав околу мене“, изјави актерката во интервју за Harper’s Bazaar.

Како што додала, тоа не е единственото нешто што не е точно – во времето кога го запознала Моби, Натали имала 18, а не 20 години.

Моби потоа се огласи на Инстаграм, каде изрази зачуденост што Натали тврди дека не била во врска со него, а објави и неколку заеднички фотографии, кои, сепак, не навестуваа дека се во љубовна врска. Покрај тоа, тој на фотографиите беше без кошула и толку многу се смееше што американските медиуми овие портрети ги оценија како малку вознемирувачки и како нешто што ги потврдува зборовите на Натали,а не неговите.

Музичарот потоа ја избриша оваа објава и и се извини на Натали што ја спомнува во неговата автобиографија.

– Многу се валидни критиките упатени кон мене во врска со тоа што ја вклучив Натали во „Потоа се распадна“ – напиша Моби и истакна дека требало да побара дозвола од актерката пред да пишува за неа во своите мемоари. – Со оглед на динамиката на нашата речиси четиринаесетгодишна разлика во години, апсолутно требаше да се однесувам поодговорно и со почит кога се запознавме со Натали пред речиси 20 години.

  • За мене е вознемирувачки што ја искористи оваа приказна за да ја продаде книгата. Тоа не се случи. Има многу неточни и измислени тврдења. Би сакала тој или неговиот издавач да ме контактира за проверка – истакна Натали и додаде дека Моби во тие денови ќе и кажел: „Ајде да се дружиме пријателски“, како и дека се дружеле неколку пати.

Сепак, Моби продолжил да твртди дека навистина е во врска со Натали Портман, а тој вели дека разбира зошто не и се допаѓа.

  • Искрено, веројатно и јас би зажалил кога би излегол со некој ко мене – истакна подоцна музичарот.

Како што истакна, се видело дека на актерката и олеснило кога престанала да се гледа со него, а се присетил дека се „Бакнувале под вековни дабови“.

Натали, инаку, не е единствената позната жена која музичарот ја спомна во овој контекст. Во книгата се споменува и Лана дел Реј, за која вели дека имала 20 години кога почнале да се гледаат, додека тој имал 40 и дека имал големи очекувања од „Ноќта на вотка и секс“. Сепак, тој тврди дека интимната врска не се случила бидејќи Лана слушнала дека Моби е премногу промискуитетен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Fool Moon

Поранешната бизнис менаџерка на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата и должи нешто повеќе од милион долари, а сега поднела тужба обидувајќи...

Green Tea

Актерката, икона за убавина и креативен директор за шминка зборува за летните третмани. Гвинет Палтроу беше една од најомилените и најпопуларните актерки на холивудската...

Four Seasons

Градот на светлината е непропустлива дестинација за страсните љубители на уметноста, а причината за тоа е многу повеќе од Ајфеловата кула. Одвојте време и...

Advertisement