Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Откриваме: Зошто раскинувањата се всушност добри за нас

Кога некој ќе ви го скрши срцето, тоа всушност може да биде движечката сила зад вашата еволуција во подобра верзија на себеси.

Не мора да нагласуваме колку се ужасни раскинувањата. Без разлика дали станува збор за развод или раскин, задачата да се прилагодите на новиот живот, без таа една личност за која мислевте дека секогаш е со вас, е нешто од што се плаши буквално секој од нас.

Сепак, колку и да се болни од овие ситуации, мора да признаеме дека сепак има нешто неверојатно во нашата способност да се опоравиме и да се обновиме како индивидуи. Без разлика дали се фрламе на работа, истражуваме ново хоби или тестираме нов режим на фитнес. Секој се сеќава на својот прв успех или среќно сеќавање што е создадено без нивниот сега веќе поранешен партнер, а тоа секако им дава моќ.

Ново истражување го потврди она што веќе го знаевме на некој начин – ваквите раскинувања се всушност движечката сила што нè води да живееме поисполнет живот. За време на тестот со вклучен 1.000 разведени луѓе, дури 65 проценти изјавиле дека забележале подобрување во скоро секој аспект од нивниот живот по раскинувањето, додека само девет проценти изјавиле дека живеат полошо.

Ова подобрување е поврзано со феномен познат како „пост-трауматски раст“: тоа е позитивна психолошка промена што се јавува по одреден период на неволја.
Идејата е дека трауматските настани, како што е раскинувањето на долгата врска, ги принудуваат луѓето да се искачат на повисоко ниво на функционирање. Ова позитивно влијае на буквално на секој аспект од нивниот живот.

Значи, раскинувањето може да биде тажно и лошо, но дефинитивно не треба да се занемари новиот поглед на животот што го имаме заради нив.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Состојки: 4 компири6 тврдо варени јајца200 гр шунка300 гр тврдо сирење (сирење)1 павлака100гр мајонезсол, бибер Подготовка: Сварете го компирот во кожата и изладете го.Гответе...

Green Tea

Рибата е една од најважните намирници кога станува збор за формулирање здрава исхрана. Тaa е извор на квалитетни протеини, здрави масти, многу витамини и...

Cotton Club

Париската модна недела ќе се одржи целосно дигитално, по одлуката на париската полиција да го забрани присуството на јавноста на модни настани. Во тој...

Cotton Club

Легендарниот дизајнер почина во 2019 година. На почетокот на јануари, телохранителот и личен асистент на Карл Лагерфелд, Себастијан Џондо, ја најави својата книга за...

Advertisement