Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ова се ЖЕНИТЕ што секој маж мечтае: 6 квалитети што треба да ги поседува Идеалната придружничка

Колку и да изгледал поромантичен и попривлечен светот во 50-тите години од денес, времињата значително се промениле, а со нив, и начинот на кој мажите гледаат на своите жени. Денес, кога жените се борат за еднаквост со сите сили, а мажите гледаат на бурмата во многу поинакво светло, на еден портал беа прашани што точно очекуваат од нивната идна сопруга и тие дадоа многу интересни одговори.

– Ми треба некој да ме исполни. Вистинска жена ќе ги разбере моите слабости и недостатоци и ќе ми помогне да станам подобра личност. Да бидам искрен, би сакал да биде интелигентна, интересна и да има големи гради.

– Девојката што ќе биде со мене и во добро и во зло, онаа што нема да побегне по првиот голем проблем. Би сакал да биде симпатична, слатка и никогаш да не пораснам со неа.

– Духовита девојка. Тоа е една од најважните работи. Секако, сакам да биде љубезна, авантуристичка и со која ќе живеам со полни бели дробови и со насмевка. Љубовта и смеењето ја прават врската цврста и совршена.

– Сакам да ме предизвика да бидам најдобрата верзија на себе. Поточно, да ми помогне да работам на себе и на своите маани. Исто така, за мене е важно таа да е интересна и духовита.

– Сакам да се омажам за девојка која има свој живот, интереси, кариера и пријатели. Со еден збор – целата личност. Не сакам да бидам со некој што ќе го живее мојот живот или обратно. Ќе живееме заедно и среќно, но ќе имаме време за работи надвор од нашиот брак.

– Можеби звучи како клише, но зарем не сакаме сите до нас личност од доверба која ќе не сака во сите можни изданија и состојби, која ќе не насмее во тажни моменти и ќе биде потпора секогаш и секаде и која ќе биде најдобра мајка за нашите деца?!

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Тие велат дека човекот може да стекне најдобар пријател само ако го бара надвор од човечкиот свет. Ова се однесува на светот на животните,...

Fine Living

Нивните прикази често се гледаат во дворовите и палатите, но исто така и во форма на едноставни декоративни елементи за модерни домови. Кога се...

Fool Moon

Звучи малку бесмислено, нели. Всушност, она што на многу луѓе е сè уште тешко да го разберат е дека Фенг Шуи е многу повеќе...

Fool Moon

Понекогаш е потребно малку да се извадат работите од безбедната зона, со цел да се направат поинтересни. Сигурно ви се случило да имате силна...

Advertisement