Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Оваа жена немала тронка милост…

За принцот Игор и принцезата Олга се вели дека биле најубавата двојка во Русија. Тој бил моќен и славен владетел познат како способен воен водач и мудар монарх. Таа за народот била едноставно позната како – прекрасна жена. Живееле во средината на 10 век, а нивната љубов била веќе позната низ целата земја.

И тогаш незамислива трагедија го погоди кнежевскиот пар. Во 914 година, Игор водел војни со словенското племе Древjани, кои ги победил и им наредил да му оддадат почит во иднина. Првично тие се согласиле, но веројатно уште тогаш на самиот почеток ковале заговор, со цел, да му се одмаздат на освојувачот.

Можноста за тоа се појавила по неуспешната војна на Игор против Византија. Во есента 945 година, кога Игор отишол да го собере данокот од Древjаните. Византискиот хроничар Лав Џакон забележал дека на почетокот го примиле убаво, а потоа со измама го заробиле . Хроничарот, исто така, како сведок, ја опишал смртта на принцот – на нозете му биле врзани тешки дрва, за на крај телото на Игор ужасно да биде распарчено на делови.

Вдовица со план за одмазда

Олга била скршена и неутешна. Не само што остана без љубов и голем заштитник, туку по смртта на сопругот, таа стана и регент на наследникот на Игор, нејзиниот тригодишен син Свјатослав.

Тага поради загубата на сопругот и силниот гнев на начинот на кој бил погубен не ја прекрши. Напротив! Меѓу народот се ширело приказна дека никој не смее да ја спомнува смртта на принцот, ниту брак со принцезата или дека таа може повторно да се омажи. Кој и да даде таков предлог, ќе биде погубен.

Олга владеела со челична рака и не дозволувала никакво мешање во државните работи, ниту во нејзиниот личен живот. И тогаш пристигнала неверојатна понуда од словенското племе Древjани…

Одмаздата се служи ладна

Во писмото што пристигнало од Древjаните било напишано дека нејзиниот сопруг Игор е тиранин и дека мора да се ослободат од него. Од друга страна, таа е мудра и чесна владарка за нив, против кого нема да бунтуваат и дека сакаат да ја имаат на нивна страна.

Затоа тие предлагаат Олга да се омажи за нивниот принц Мала и со тоа да го зацврстат сојузот.

Древјанските гласници кои се осудиле да ја играат картата „Купидон“, биле погребани живи! Сепак, за Мала, кој се осмели да и предложи брак, Олга имала пострашен план.

Му испратила порака дека се согласила да се омажи за него, но дека тој прво мора да ги испрати своите највисоки соработници во Киев да се сретнат со идните поданици и да ја однесат на свадба.

Мала се согласи, а Олга од самиот почеток ги прими гостите убаво. Таа била весела и домаќински ги забавувала и по гозбата им понуди да уживаат во бањата (што е обичај после вечерата во тоа време). Несудејќи, Древјаните ја прифатиле понудата и целосно се опуштиле.

Тогаш Олга наредила да се затворат сауните и сите живи ги запалила!

Потоа отишла кај својот „свршеник“, но не како млада жена, туку како освојувач! Таа започнала голем поход со обезглавување на племето Древјани и освојување нивната земја.

Легендата вели дека таа тогаш им наредила данокот да го плаќаат со птици. Тие се покориле и ги предале сите птици што можеле да ги пронајдат, а Олга на секоја птица врзала мало парче ткаенина натопена во сулфур. Кога се спуштила ноќта и луѓето од Древјанин запалиле факели за да добие нивниот град светлост, Олга во тој момент ги пуштила птиците кон нив.

Целосно го запалила нивниот град. Милост не покажала на никого!

А потоа?

Принцезата Олга владеела се додека нејзиниот син не бил полнолетен, докажувајќи дека е исклучително способна. Во 957 година, таа дошла во Цариград, каде што била крстена, земајќи го името Елена, по првата христијанска царица, мајката на Константин Велики. Така таа стана првиот руски владетел кој го прифати христијанството.

Откако Свјатослав стана принц, таа извршувала административни задачи и се грижела за земјата додека тој .
војувал.

Починала на 11 јули 969 година, за време на опсадата на Киев од страна на Пегенега, додека нејзиниот син Свјатослав војувал со Бугарите. Денес, Руската православна црква го слави тој ден како ден на Света Олга од Киев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Не мора да чекате лето за да носите плетени торби. Плетени чанти видовме во колекциите на многу брендови за сезоната пролет/лето. На пример, Dolce...

Fool Moon

Вивиен Вествуд наполни 80 години – а легендарната дизајнерка реши да го прослави роденденот на поинаков начин. Во чест на нејзиниот роденден, таа ќе...

Four Seasons

Ако не сте месојад, веруваме дека оваа листа ќе ви помогне. Но, дури и да сте месојад, не е важно, можеби овие градови ќе...

Green Tea

Целерот е познат како природен антисептик Секој природен лек е добредојден за време на пандемија, а истото важи и за сокот направен од целер,...

Advertisement