Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Неделен хороскоп: Вистински хаос за неколку хороскопски знаци

Овен

Се потпирате на своите манири, но внимавајте без добра подготовка, план или проценка нема успех. Потребно е да се согласувате со вашите пријатели. Вниманието и разбирањето кое го добивате во кругот на семејството делува одлично на вас.

Бик

Чувствувате дополнителен прилив на енергија и подготвени сте максимално да се ангажирате во повеќе правци. Добивате поддршка од околината, што ќе ви ја олесни напнатата ситуација низ која поминувате.

Близнаци

Истовремено сте ангажирани на повеќе полиња и совесно го исполнувате својот дел од обврските. Продолжете со промислените потези, немојте да дозволувате друг да донесува одлуки во ваше име. Важно е да сте позитивно расположени.

Рак

Понекогаш умеете непотребно да замислувате работи кои другите не ги гледаат и да ги преувеличувате своите идеи. Побарајте навреме нечиј совет во врска со односот со партнерот.

Лав

Рзмислете за промена на одредени критериуми и услови во договор со пријателите. Слободно инсистирајте на своите идеи, бидејќи имате одлични замисли. Оваа недела ќе бидете во емотивен занос.

Девица

Потрудете се успешно да ги спроведете своите планови на дело. Важно е покрај себе да имате личност од доверба. Во љубовниот однос, немојте залудно да пробувате да го промените однесувањето на партнерот.

Вага

Делувате енергично на средба со пријателите. Потребно е да имате „широки видици“ во секој погледн. Љубовните немири прифатете ги како пролазна фаза, бидејќи сето ова ќе поттикне ново емотивно зближување со партнерот.

Шкорпија

Вложувате голем напор да остварите позитивни резултати на секое поле. Важно е правилно да се организирате и да ги испочитувате сите рокови. Склони сте кон чести промени поради емотивното расположение.

Стрелец

Активно учествувате во различните преговори, па започнувате иницијатија која ќе ви донесе успех. Партнерот на вас делува инспиративно и ве наведува на слободно изразување. Понекогаш на многу едноставен начин умеете да се поврзете со партнерот.

Јарец

Можеби сите информации со кои располагате не претставуваат секогаш сигурни критериуми, но без големи предизвици нема ни поголеми деловни афирмации. Повремено е тешко правилно да го ускладите својот љубовен ритам и афинитети во односот со блиска личност.

Водолија

Делувате многу афирмирано на својата околина и имате доволно слух за некои современи идеи. Обрнете посебно внимание на можноста за поврзување на сите сакани личности. Пробувате да ги разберете некои сличности и разлики кои постојат во односот со саканата личност.

Риби

Важно ви е околината да ги прифати вашите решенија и идеи, кои имаат позитивно влијание на понатамошниот развој на проблемот. Подобро е заеднички да се соочите со саканата личност со сите предности и недостатоци кои постојат во вашиот однос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Како да се зајакне имунитетот? Еден начин е да се следи внесот на цинк. Поради некоја причина, овој микроелемент често се заборава, иако неговиот...

Cotton Club

Секој што ги вклучи социјалните мрежи во последните два дена не можеше да избегне вистински налет на мемиња и видеа чија sвезда беше топло...

Cotton Club

Комбинации на бои кои вреди да се погледнат! Бојата е деликатна работа. И можеби комбинирањето на боите е една од најтешките работи во модата....

Green Tea

Суви снегулкиЖитарките за појадок често содржат многу јаглени хидрати и шеќери. Како резултат, тие можат да доведат до скок на шеќерот во крвта што...

Advertisement