Секоја година TC Candler и The Independent Critics составуваат листа на најубави лица.Од 1990 година, „TC Candler“ и „The Independent Critics“ прават листа на топ 100 најубави и најзгодни лица.
Минатата недела на YouTube беа објавени резултатите за оваа година каде беа откриени 100-те најубави лица по повеќе од 3 милиони јавни номинации и 1.800 номинирани личности.
Годинава првото место му припадна на британскиот актер Хенри Кавил.

Насловот на објавеното видео гласи: „Естетското совршенство е само еден од критериумите“.
- Благодатта, елеганцијата, оригиналноста, смелоста, страста, класата, сталоженоста, радоста, ветувањето, надежта… сите тие се отелотворени во одлично лице – вака е опишан овогодинешниот победник.
Заедно со ѕвездата на „Superman“ и „The Witcher“, второто место на листата го зазеде пејачот на групата „Stray Kids“ Хванг Хјуњин, а по него се актерите Тимоти Шаламе,Крис Хемсворт пејачот Кеунг То, актерот Лусиен Лависконт и многу други.