Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најновите информации од Аргентина, Марадона испил коктел лекови пред неговата смрт

Пред точно една недела нè напушти легендарниот фудбалер Диего Марадона. Неговата ненадејна смрт шокирало многумина, поради што сè уште се зборува за целиот случај. Според последните информации од Аргентина, од каде потекнува Марадона, 60-годишникот испил коктел со лекови непосредно пред смртта, што наводно сериозно му го оштетило срцето, кое во брзо време откажало.

Според тамошните медиуми, сето тоа го открило неговото медицинско досие. Коктелот содржел антидепресиви и антипсихотици, кои исто така се користат за лекување на биполарно растројство. Покрај тоа, сега се знае информација дека кај него е дијагностицирана дилатациона кардиомиопатија – здравствена состојба во која срцевиот мускул ослабува и се зголемува, но не може да пумпа доволно крв за остатокот од телото.

За сето тоа проговорил локалниот невролог. „Треба да се испита колку лекови му биле дадени и кои се критериумите за земање, дали ги земал во исто време или не. Имало многу мешање на антидепресиви и антипсихотици, што има силно влијание врз срцето, особено на отчукувањата на срцето“, изјави тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Кога светот околу нас ќе стане хаотичен и неподнослив, ние бараме решенија во природни скривалишта и едноставен дизајн… Поради оваа причина, органските финиши, природните...

Cotton Club

Алберта Ферети дефинитивно не е од оние дизајнери кои ќе подлегнат на општото расположение и ќе направат колекција составена од дуксери и тренерки. Таа...

Cotton Club

Постојат жени кои се толку сигурни во себешто не мора да прибегнуваат кон никакви трикови за да се подобрат или да изгледаат подобро. Кејт...

Cotton Club

Ќерката на славната пејачка застана пред камерите за нова колекција на шарена облека потпишана од славниот британски дизајнер, а тоа се креации за вежбање...

Advertisement