Наоми покрај фотографиите со ќерката напиша дека е благословена.
Легендарната манекенка Наоми Кембел го одбележа Денот на мајката со серија фотографии со својата ќерка.
Педесет и двегодишната Наоми покажа неколку прекрасни фотографии на кои таа и нејзината ќерка се гледаат одзади.
На серијата фотографии се гледа како познатата манекенка поминува време со својата ќерка која за два месеци ќе наполни две години.
На последната фотографија се гледа Наоми со нејзината мајка Валери Моис.
На крајот на оваа објава, Наоми напиша дека е „благословена“ со многу срцеви емотикони.
Наоми го објави раѓањето на својата ќерка во мај 2021 година, а во интервју за „Vogue“, додека позирала со своето бебе, рекла дека не е посвоенo,туку дека е нејзино дете.