Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Мудрост за живот: Смеа

„Невозможно е да се купи, проси, позајми или да се украде насмевката, бидејќи тоа доаѓа само од срцето“, напиша американскиот писател Дејл Карнеги, а во продолжение ви ги откриваме придобивките…

Позитивни ефекти
Смеа, спонтано, тонско, рикање или наизменично, со едноставна низа кратки рафали „ха-ха“ или „хе-хе“ нè освојува како искусен заводник. Понекогаш носи солзи на нашите очи, а понекогаш може и стомак да боли. Смеењето со кое сѐ смее целото тело е израз на радост, задоволство, изненадување. Понекогаш смеењето ќе ја прекине напнатоста на некоја непријатна ситуација, ќе ни помогне да се опуштиме ако сме нервозни.

Смеењето е едно од најзаразните емоционални искуства. Сигурно сте искусиле моменти кога не било соодветно да се препуштите на смеа, но колку повеќе се воздржувавте, толку посилно и поупорно излегува на површина.

Веројатно сте доживеале ситуација кога не сте ни знаеле на што се смее вашето друштво, но и среќните звуци и сјајните лица ќе ве насмеат слатко и заразно. Смеењето не е целосно под наша самоволна контрола, а со тоа и нејзиниот ефект врз здравјето е поголем.

Има непосредни позитивни ефекти: ослободува напнатост, растерува вознемиреност и го крева расположението. Докажано е дека ги релаксира мускулите, го зајакнува имунитетот, штити од срцеви заболувања. Оваа слатка и безопасна инфекција од смеа треба да биде присутна во нашето секојдневие колку што е можно почесто.

Универзален јазик што ги поврзува луѓето
Смеењето е дел од универзалниот човечки вокабулар. Сите добро го разбираме. Лесно ги преминува границите на јазиците, културите, социјалните слоеви и ситуации; поврзува групи луѓе, надминува многу пречки.

Смеењето е помирувач, добар домаќин, весел творец кој ќе ги протера грижите и тагите од нашите срца. Забавно е, може да го направи секој од нас попривлечно, открива весело и детско суштество во нас. Помага на сите видови на односи да течат непречено и удобно, ни помага да оствариме нови пријателства.

Не е лесно да го повикаме, но брзо учиме да препознаеме што ќе го охрабри неговиот блескав водопад на спокојство и оптимизам. Затоа, бараме секоја можност да се смееме, без разлика дали тоа ќе биде предизвикано од игра со деца, милениче, ТВ-комедија, забавно четиво или некои од нашите специјални мамки за смеа. Многу мудри луѓе заклучија дека еден ден без смеа е потрошен, и сосема е сигурно дека смеењето е неопходна состојка на здравиот живот.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Ако бившиот веќе не гледа заедничка иднина со вас, тоа ќе го сфатите кога ќе се сретнете, а тој едвај ќе ве погледне, кога...

Route 66

Jeep Wrangler со текот на времето „прерасна“ во софистицирана машина и би било интересно ако Американците воведат помала теренска верзија, како што е визијата...

Fool Moon

На десетгодишнината од веридбата на Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (38), британските медиуми објавија помалку познати детали од времето кога војводата и војвотката...

Green Tea

Ако сакате вкусна супа богата со хранливи состојки и лесна за подготовка, ова е вистинскиот рецепт за вас. Сè што ќе ви треба се...

Advertisement