Бидејќи пандемијата сè уште трае, а бројот на случаи во соседна Италија се зголемува, Џорџо Армани одлучи да го задржи своето приватно шоу „Armani Prive“.
Дизајнерот, кој не присуствуваше на модната недела во Париз минатиот јули, првично планираше да ја претстави својата колекција Armani Prive во седиштето Via Borgonuovo во Милано на 26 јануари. Сепак, во соопштението од куќата се вели: “Поради вонредната состојба, не е можно да се одржи настанот како што беше првично најавено. Со жалење, Џорџо Армани објави дека и покрај неговата желба, следното шоу на Giorgio Armani Prive ќе се одржи зад затворени врати, во Милано, без публика.”
Модната ревија ќе се пренесува во живо на социјалните мрежи на куќата, а Армани изјави дека има намера да претстави несезонска колекција која ќе вклучува и зимска и летна облека.