Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Легендарната актерка Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст

Југословенска sвезда со голема и успешна странска кариера

Легендарната југословенска актерка Мира Фурлан почина на 20 јануари на 66-годишна возраст, беше објавено на нејзиниот официјален профил на Твитер. Причината за смртта сè уште не е објавена, но познатиот сценарист и режисер, Мајкл Страчински, изјави дека актерската екипа од серијалот Babylon 5 знаеле дека нејзиното здравје веќе некое време згаснува. „Се надевавме дека ќе се подобри. Во групниот е-маил испратен од актерската екипа, неодамна пишаа дека нејзиното здравје се подобрува“, изјави Страчински за Variety“.

Тој се прости од неа и на Твитер. „Ова е ноќ на голема тага. Нашата пријателка тргна по патека каде повеќе не можеме да ја фатиме. Но, како и за сè друго, ние еднаш ќе ја достигнеме и верувам дека тогаш ќе има многу приказни за нас и дека ќе сподели многу поважни улоги со светот“, напиша Страчински

Родена во Загреб на 7 септември 1955 година, театарската и телевизиска актерка Мира Фурлан живеела и работела во САД од 1991 година. Таа започнала да ја гради својата кариера во Хрватскиот народен театар во Загреб, а во 1980-тите станала една од водечките хрватски и југословенски филмски актерки.

Фурлан играше во славните филмови како “Otac na službenom putu” на Кустурица, “U raljama života”  и во  “Za sreću je potrebno troje” на Рајко Грлиќ,  како и во ТВ сериите “Velo misto”, “Nepokoreni grad” i “Vučjak”. Во САД е позната по улогите во сериите  “Изгубени” и “Babylon 5”.

Славната актерка пред пет години беше меѓу главните гости и почесни членови на главното меѓународно жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“, што се одржа во октомври, на повеќе локации во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Модната куќа Sportmax потсети на одличниот стил на SF филмовите, кој беше обележан со темни силуети, кул очила за сонце и генерално футуристички минимализам...

Fool Moon

Сигурно сте слушнале многу пати од пријателките: „Едноставно сите добри мажи се зафатени!“ Она за што не размислуваат, или вие самите, е фактот дека...

Cotton Club

Сите обожаватели на ‘Seinfeld’ се сеќаваат на Сју Елен Мишка и скандалот што предизвика носење градник како топ под раскопчаната јакна, но оваа година...

Fool Moon

Не е лесно да се најде совршено место во домот за секое растение. Иако најчесто бараме растенија кои најдобро напредуваат во засенчени, темни агли...

Advertisement