Порано беше секс симбол и една од најубавите жени на светот, а денес загрижува многу следбеници со својот изглед. Имено, 45-годишната Анџелина Џоли, која во минатото отворено зборуваше за борбата против нарушувањата во исхраната, деновиве е видена на шопинг со своите ќерки, 16-годишната Захара и четири години помладата Вивиен. Како што се очекуваше, познатата актерка не им избега на леќите на папараците, а она што го снимија загрижи многу обожаватели на Анџелина.
Имено, актерката и поранешна сопруга Бред Пит беше „фатена“ на шопинг со своите ќерки во Лос Анџелес, додека носеше елегантен долг бел фустан, со кој комбинираше чанта и сандали во иста боја. Сепак, она што им го привлече вниманието на многумина, е нејзината сè послаба фигура.
Фотографиите се раширија на социјалните мрежи во експресен период, а многу следбеници ја коментираа нејзината линија, и некои од нив, не штедеа да додадат некој збор. „Добро, што е ова? Анџелина стана коска и кожа … Разбирам дека нарушувањата во исхраната е сериозна работа, но итно и треба третман, така што децата нема да останат без мајка!“ „Порано беше преубава за мене, сега е скелет, немам коментари, освен – хорор“, „како стапче за уши во фенси облека и со шминка“, „Анџелина, те молам побарај помош“, се само некои од нив.
Инаку, неодамна светските медиуми објавија за тоа како Анџелина гладува токму поради нејзиниот поранешен сопруг, а „гласините“ започнаа додека Бред сè уште беше во врска со 27-годишната полска манекенка Никол Потуралски. „Гладуваше со недели, а само повремено јадеше можеби неколку ореви, за да не пропадне. Таа смета дека е единствениот начин да го освои својот поранешен сопруг во судска постапка и, ако им се верува на гласините, има сите надежи дека актерот ќе се смилува кога ќе ја види толку исцрпена“.
Да потсетиме, во минатото, Анџелина отворено зборуваше за својата борба со нарушувањата во исхраната, откривајќи како „се соочувала“ со анорексија како тинејџерка. И подоцна во нејзината кариера, таа имаше слаби фази во кои обожавателите се грижеа за нејзиното здравје, но секогаш тврдеше дека тоа не е нарушување, туку дека нејзината слабост е предизвикана од стрес.