Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кој ќе ја наследи титулата принц Филип

Војводата од Единбург почина на 99-годишна возраст, само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден. Сопругот на британската кралица ја доби оваа титула по нивната венчавка во 1947 година – и сега ќе му биде дадена на друг претставник на Виндзор.

Принцот Филип не стоеше во редот за кралскиот трон, па принцот Чарлс е сè уште прв во редот за наследство. Официјално, оваа титула треба да биде прифатена од принцот Чарлс, како најстар син на Елизабета Втора, за што сведочат податоците на британската хералдичка комора. Но, овој пат традицијата ќе биде прекината – по иницијатива на самиот принц Филип.

Едвард, најмладиот син на кралицата се ожени во 1999 година и ја доби титулата Ерл од Весекс. Принцот Филип и Чарлс се согласија дека Едвард ќе ја наследи титулата по смртта на принцот Филип.

Сепак, тоа нема да се случи сè додека самиот принц Чарлс не стане крал – и од тој момент Едвард ќе стане војвода од Единбург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Иконски чанти, чевли и други детали добија летно, песочно освежување… Откако ја покажа својата најнова колекција во Шангај, Марија Грација Кири штотуку ја лансираше...

Fool Moon

Еден ден некој го праша најбогатиот човек на светот: „Дали има некој побогат на светот од тебе?“ Најбогатиот човек одговори: „Да, постои личност која...

Fine Living

Кога ќе го слушнеме Alvisi Kirimoto + Partners, првото нешто што ни паѓа на ум е ништо друго освен извонредност во архитектурата и уметност...

Green Tea

Ова растение има повеќе придобивки за организмот! Глуварчето е едно од растенијата што е генерално лесно достапно, и има исклучителни придобивки кога станува збор...

Advertisement