Убава Французинка го „украде шоуто“ на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, а сите се прашуваат која е таа.
Мејвен Ле Беско, долгоногата актерка и режисерка со продорни сини очи, ги шармираше сите присутни гости кога се појави на црвениот тепих во Кан рака под рака со својот колега Џони Деп.
Иако нивната романса во филмот „Jeanne du Barry“ е многу реална, таа не е потврдена во реалниот живот.
Но, се шпекулира дека блискоста постои, со оглед на тоа што ова е прва улога на Џони по скандалот и судењето со поранешната сопруга. За тоа може да и се заблагодари на Мајвен, жената која е режисер, извршен директор и главна актерка во филмот, бидејќи таа, како што наведува, „експресно го сакала за улогата“.

Трагично воспитување и рано влегување во светот на актерството
Атрактивна Французинка со виетнамско и алжирско потекло,е родена во културно-уметничко семејство како ќерка на уметникот Катарина Белхоџа и лингвистот Патрик Ла Беске.
- Татко ми седум години физички и вербално ме малтретираше, а потоа и мајка ми во адолесценцијата. Таа за мене е отров.Таа ми го отру животот – изјавила Мејвен, а пренесува “Telegraph”.
Со оглед на тоа што Мејвен од мали нозе земала часови по глума, на инсистирање на нејзината мајка, не е чудно што како дете глумела во неколку филмови.
Поради раното породување и брачниот живот, таа ја прекина кариерата како тинејџерка, а подоцна се сврте кон режија.
Првиот филм што таа го режираше, „Pardonnezmoi“, беше автобиографија која сама ја финансираше, а во тоа време нејзиниот поранешен сопруг Бесон изјавил „таа е луда“.

Мора да запреш. Веднаш. Ти си луда. Никој не вложува свои пари во филмот – изјавил Лук,пренесено од “Wikipedia”..
После тоа, Мајвен продолжи да режира и да освојува награди, а моментално е високо признаена како уметник во француската филмска индустрија.
Контроверзен брак
Мејвен го запознала продуцентот и режисер Лук Бесон кога таа имала 12, а тој 29. Почнале да излегуваат кога таа наполнила 15 години, а само една година подоцна го родила нивното дете.
Култната класика “Leon”, филм во режија на Бесон и со Мејвен во главната улога, за платен убиец кој со себе носи 12-годишно девојче (Натали Портман), беше инспириран од нивната љубовна приказна.
- Тој филм беше инспириран од нашата љубов. Не ми се верува дека никој од медиумите не ја забележал врската – изјавила Мејвен, а пренесува “Leexpress”..
Тие раскинаа во 1996 година за време на снимањето на “The Fifth Element”, кога Лук ја остави за Мила Јововиќ.
Во 2004 година, актерката повторно се омажи за Жан Ле Фур и роди момче.
Таа моментално е сингл.

Во 2018 година, Бесон беше обвинет за повеќекратни напади врз жени, а случајот беше отфрлен на суд.
Меѓутоа, за овој случај новинарот Едви Пленел известуваше живо и храбро, а тоа не и се допадна на актерката.
Имено, кога го сретнала во кафуле во март годинава, му пришла, го влечела за коса и го плукнала во лице.
-Никогаш не сум ја видел ниту запознал таа жена. Оваа агресија крие подлабоко јадро затоа што не ме нападна мене како личност, туку она што го претставувам – симбол на вистината и борбата за движењето “Me too” – рекол Едви како што пренесува “IndieWire”.
Актерката отворено зборуваше против движењето “Me too”,а изгледа како да минува низ животот „жешка глава“, не грижејќи се за осудите на општеството.
- Не го одвојувам професионалниот и приватниот живот. За мене мојата работа е страст, а страста е лична – изјави Мејвен.