Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Корисничка на ТикТок откри одлична метода за како да носите штикли без да ве болат

Нозете во потпетици изгледаат убаво, долго и неверојатно, но да бидеме искрени, малку жени можат да ги носат со задоволство цело време. Сепак, со овој трик и тоа може да се смени.

Болката што може да ја предизвикаат потпетиците понекогаш е неподнослива. Но, добрата вест е дека има решение и за овој проблем. Корисничка на TikTok откри одличен метод на носење потпетици без да ги повредите прстите.

На видеото, таа признава дека носи силиконски перничиња за прсти во сите непријатни чевли.

  • „Добредојдовте назад на несекси модни совети што треба да ги знаете. Имавте толку многу прашања во врска со прстите, па затоа треба да го знаете ова. Овие заштитници на прстите всушност го штитат предниот дел на стапалото правејќи ги потпетиците пријатни за носење. Може да ги носите и за балетанки, па дури и за чизми“ – открива на видеото и покажа како ги носи силиконските заштитници на прсти.

На друго видео, таа откри и како можете да купите силиконски штитници за потпетици.

Нејзините следбеници беа воодушевени од овој трик, пишува Мирор.

„Па, каде ми беше целиот овој трик цел живот“, коментира еден.

„Ова ќе ми го спаси животот“, додаде друг.

„Ми се допаѓа ова, благодарам“, прокоментира третиот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement