Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ким Кардашијан обвинета за купување украдени антиквитети од Италија

Иако реалното шоу Keeping Up With The Kardashians заврши, славните сестри се уште се во центарот на вниманието…

Во последните вести, може да се каже дека најпозната меѓу нив и водач на кланот е Ким, обвинета за увоз на „украдена“ античка римска скулптура. Царинските службеници на САД запленија испорака вредна 750.000 долари, која пристигна на нејзино име во 2016 година. Државните обвинители бараат предавање на скулптурата што преку карго се движела кон Ким, каде е запленета пред пет години на пристаништето во Лос Анџелес. Сепак, портпаролот Ким Кардашијан негира дека славната инфлуенсерка ја купила оваа скулптура.

Антиквитетот е опишан како „дел од скулптурата Сајман Атина на Мирон, датирана од првиот или вториот век, која првично била украдена од Италија“, чиишто власти сега сакаат да им се врати. Според наводите, скулптурата била дел од пратка тешка 5,5 тони со проценета вредност од 745.882 долари, во која имало четириесет антиквитети.

Ситуацијата доби интересен пресврт кога истрагата дозна дека Ким знае за потеклото на скулптурата. Нејзиниот портпарол рече дека таа никогаш не го купила ова парче, изјавувајќи: “Ким не ја купи оваа скулптура и дури сега слушна за нејзиното постоење. Веруваме дека е купена на нејзино име, без нејзина дозвола. Бидејќи никогаш не ја добила, таа не била свесна за предметната трансакција “. Исто така, дознавме дека белгискиот дизајнер Аксел Верворт, кој работел во нејзиниот дом во Калабасас, ја купил статуата во 2012 година, откако претходно ја позајмил.

Официјалните лица сега тврдат дека има две статуи – едната е легално купена и една украдена од Италија, додека дилер на антиквитети од Париз кој му го продал на Верворт инсистира на тоа дека има само една. Секако, италијанските власти бараат репатријација, а што ќе се случи со Ким останува да видиме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement