Марката Dior Joaillerie е подготвена да ја направи сезоната на празници магична
Познатиот бренд за накит штотуку ја претстави својата кампања за Божиќ 2020 година. Со Кара Делевињ во главната улога, фотографиите направени од Марио Соренти ги ставија медалјоните Роуз Селест во центарот на вниманието. На една фотографија, британската актерка и модел позира со раката под брадата и длабок поглед.

На друга, таа ја држи едната рака на градите, додека е облечена во црвен фустан. Покрај фотографиите, Кара се појави и во краток филм на познатата марка, кој се карактеризира со волшебна музика и медалјони што паѓаат од небото како снегулки.
„Прославувајќи го дваесеттиот јубилеј на Диор Joaillerie, колекцијата „Мимиросе“ потпишана од Виктоар де Кастелан претставува спој на финоста и накитот на скапоцените камења на Мимиуи и Роуз де Вентс“, објаснуваат од познатата марка.