Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Канје Вест одзел 500 пара патики од вилата: „Ким е воодушевена“

За разводот на еден од најпознатите славни парови, 39-годишната sвезда Ким Кардашијан и 43-годишниот американски рапер Канје Вест, се шпекулира еден месец, а последниот потег на раперот се чини дека сепак нема никаква врска разводот. Имено, Канје одземал 500 пара патики од заедничката вила Calabasas, а ѕвездата на шоуто „Keeping In With The Kardashian“ го поздрави потегот со ентузијазам.

Канје и Ким живеат одделно веќе неколку месеци, но отсранувањето на неговите скапи патики од вилата и нивното преместување во ранчот во Вајоминг каде што моментално живее, нема никаква врска со разводот. Наводно, Канје го сторил тоа од практични причини, за да му бидат подостапни. Извор близок до раперот додаде дека Ким е благодарна за неговиот потег. „Ким е воодушевен и дури му помогна да ги организира работите. Тие во моментот не се во кавга, таа, исто така, му помогна да ги извади патиките од плакарот, затоа што Канје одлучи дека сака да ги има близу него, па Ким сега има бесплатен плакар што ќе служи како изложбен простор за нејзините брендови“, изјави изворот.

Да потсетиме, славната двојка, ако навистина раскине, ќе се бори за богатство вредно 1,6 милијарди фунти. Само возниот парк вреди 2,8 милиони фунти, имотните недвижнини се „тешки“ – 68 милиони фунти, а има и две компании вредни неколку милиони фунти. Ким Кардашијан, наводно, веќе ја ангажирала адвокатката Лора Васер и бара целосно старателство над нејзините четири деца, седумгодишната Норт, четиригодишниот син Сент, двегодишната ќерка Чикаго и едногодишниот син Псалм. Двојката сè уште официјално не ги коментирала наводите за развод.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Ако размислувате да патувате во Јужна Кореја, овој напис треба да ја зацврсти вашата желба и да ве наведе да купите авионски билет. Пред...

Green Tea

Се надеваме дека никогаш не сте доживеале мигрена. Но, сигурно, познавате некој што ги има овие симптоми. Без разлика дали вие или некој близок,...

Fool Moon

Ријана е вистинска икона на стилот. Секој нејзин стајлинг е спектакуларен, многу необичен и за разлика од повеќето нејзини колеги од шоу-бизнисот, таа воопшто...

Fine Living

Како што знаат сите модерни дами, „animal“ дезенот беше на сцената во последните неколку сезони и очигледно не планира да се откаже од својот...

Advertisement