Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Каде се денес главните „фраери“ од серијата Сексот и Градот?

Иако поминаа 22 години од снимањето на првата епизода, привлечноста на „Сексот и градот“ воопшто не попуштила. Новите генерации ги откриваат „старите / новите“ љубовни проблеми на славната четворка и сите интересни мажи со кои влегле во врски во текот на шест сезони и 94 епизоди (плус два филма). Некои од нив, сепак, оставија најголем белег, а најголемите фанови на серијата ги интересираат – што прават денес. И, се разбира, како изгледаат!

CHRIS NOTH (Mr.Big) После улогата на Фејс, Крис глумеше во популарните серии “The Good Wife”, “Law & Order” и “Gone“, а освен со глума, тој се занимава и со угостителство – ко-сопственик е на ноќниот клуб The Cutting Room во Њујорк.

Од 2012 година тој е во брак со својата 28-годишна помлада колешка Тара Вилсон, со која го има дванаесетгодишниот син Орион. Популарниот 66-годишен актер признава дека по природа е циничен, па затоа не бил пресреќен од слаткиот крај на филмовите САТЦ. „Искрено, таа патетична сцена во соблекувалната, кога Биг ја моли Кери и ѝ става чевел на ногата, не ми се допадна премногу. Но, сценаристите беа немилосрдни “, се шегува Нот.

JOHN CORBETT (Ајдан Шо) Ако бевте слаби на добрата душа наречена Ајдан (кој го паметиме и од хитот „Мојата грчка свадба“), тогаш проверете ги филмовите “Raising Helen”, “I Hate Valentine’s Day” и “To All the Boys I’ve Loved Before”. Педесет и деветгодишниот Џон е приватно сличен на ликот што го игра: тој е интровертн и посветен на она што го сака – глума, кантри музика (има издадено два албума) и неговата партнерка, актерката Бо Дерек, со која е во врска од 2002 година. Парот живее во Калифорнија со своите миленици – двајца германски овчари и четири коњи.

,

JASON LEWIS (Смит Џерод) Во меѓувреме тој доби неколку брчки, но сепак е апсолутно неодолив! Актерот Џејсон Луис (49) не направи ништо значајно откако заврши САТЦ – неколку кратки филмови и не многу успешни ТВ серии, но за нас ќе остане засекогаш лукавиот дечко на Саманта, кој за малку ќе ја направи моногамна.

Џејсон е доста активен на Инстаграм каде редовно го следиме, а она што го забележавме е дека е доста романтичен. Во февруари годинава тој се сврши со актерката Лиз Годвин (и фотографија од предлогот, се разбира, објавена на Инстаграм), која имаше само седум години кога беше снимена првата епизода на Сексот и градот.

DAVID EIGENBERG (Стив Брејди) Во „Сексот и градот“, тој ги изгасна пожарите во комуникација со невротичната Миранда, а потоа се префрли на вистинските, играјќи поранешен пожарникар во серијата „Чикаго во оган“. Го гледавме и во сериите “Criminal Minds”, “Castle” и “Law and Order” и на црвениот тепих во прегратките на згодната русокоса Кристи Ајфенберг, со која е во брак од 2002 година и има две деца. Дејвид е ТВ sвезда, но признава дека немал ТВ во куќата повеќе од дваесет години. И што би бил тој ако не стане актер? Еднаш, многу одамна сонувал за кариера како архитект.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Иако ги поврзуваат три различни елементи, вода, воздух и оган, жените родени во овие три хороскопски знаци имаат многу заеднички одлики, а една е...

Fool Moon

Она што е убаво за една личност, не мора секогаш да биде убаво за сите други. Сепак, не може да се негира дека некои...

Fool Moon

Мали тајни кои ќе ви дадат совршени веѓи за неколку минути. Изразот „веѓите се рамката на лицето“ не е случаен. Правилно обликуваните веѓи можат...

Green Tea

Јапонско јаболко Покрај веселата боја која веднаш го крева расположението, ова јаболко содржи витамин ПП, кој е одговорен за производство на серотонин, се бори...

Advertisement