Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Каде е денес озлогласената Патриција Реџани, убиецот на Маурицио Гучи

Патриција Реџани, убиецот на Маурицио Гучи, прикажана во филмот „House of Gucci“, имала раскошен живот во затвор и изненадувачки, до денес Гучи и плаќа 1,47 милиони долари годишно.

„House of Gucci“ се фокусира на членовите на семејството Гучи и нивната борба за моќ, со желба да го контролира италијанскиот моден бренд, но вистинската ѕвезда на биографската криминална драма е никој друг туку Патриција Реџани, толкувана од талентираната Лејди Гага, која преголемите амбиции ја довеле до убиството на нејзиниот поранешен сопруг Маурицио Гучи.

Ако сте ја гледале драмата, можеби ќе сакате да знаете што се случило со Патриција Реџани откако е прогласена за виновна за убиство на нејзиниот поранешен сопруг.

Па, каде е сега, со што се занимава и како изгледа нејзиниот живот, дознаваме во продолжение!

Затворска казна која е намалена

Во 1997 година Реџани е осудена на 29 години затвор, но казната е намалена на 26 години, во 2000 година. Истата година се обидела да се самоубие, но чуварите ја пронашле. Тогаш имала право на условна казна, поради што морала да најде работа, но одбила да работи бидејќи идејата ја преплашила. „Никогаш во животот не сум работела и немам намера да почнам сега“, одговорила таа на својот адвокат.

Сега има 72 година, пуштена на слобода во 2016 година поради добро однесување, откако одлежала 18 години.

Работела како консултант во Боцарт

Иако првично одбила да работи, Реџани се вработила во 2014 година со условна казна и била вработена во компанијата за костими и накит „Боцарт“. Нејзината работа била да го советува дизајнерскиот тим на Боцарт и да чита модни списанија. Кога првпат го започнала овој бизнис, помогнала да дизајнира колекција на накит во боја на виножито и вечерни чанти инспирирани од нејзиниот ара-папагал, Бо. Сепак, од 2021 година, нејзиниот работен статус е непознат.

Привилегирана дури и во затвор

Реџани била во затворот Сан Виторе, некогаш окупиран од германските нацисти, и го нарекувал „резиденција Сан Виторе“. Својот престој таму го опишува како „релаксирачки“ и „страшен“, при што „многу спиела“.
Нејзе и било дозволено да го чува својот миленик, твор по име Бамби. Често одмарала во затворскиот двор. Со оглед на нејзината слава, доста влијаела со наредби кон другите затвореници и чувари, открива еден нејзин анонимен затворски чувар.

Живее во Милано

Во 2016 година, Реџани живеела со нејзината тогаш 89-годишна мајка во градската куќа во Милано и ги посетувала луксузните населби со нејзиниот папагал за време на викендите. Нејзините ќерки Алесандра и Алегра Гучи се мажени и живеат во Швајцарија. Сепак, тие наводно не се во добри односи со мајка им. Во интервју за The Guardian 2016 година, Реџани откри дека нејзиниот однос со ќерките бил напнат. „Сега поминуваме низ лошо време“, изјави таа. „Не ме разбираат и ми ја прекинаа финансиската поддршка. Немам ништо, а не ги запознав ниту моите две внуци“.

Разочарана од Лејди Гага

Во март, Реџани го изрази своето разочарување што Лејди Гага не се консултирала со неа за тоа како сака да биде прикажана во филмот „House of Gucc“.
„Многу ме нервира фактот што Лејди Гага ме игра во новиот филм на Ридли Скот, без да има предвид и сензибилитет да дојде да се запознае со мене“, изјави таа во едно интервју.
Како одговор, Лејди Гага во интервју за Good Morning America додаде дека не ја запознала Патриција бидејќи „оваа жена сакала да биде позната по убиството“.
„Не сакав да преговарам со некој на кој немав доверба“, додаде таа. „Таа наредила да и го убијат сопругот“.
Па, тоа навистина не вреди да се дискутира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Оскаровката Хали Бери е во шестата деценија од животот, а ние ја откривме тајната на нејзиниот неверојатен изглед. Традиционално се очекува од холивудските ѕвезди...

Fool Moon

Кристина Агилера има убав глас, но лоша репутација, а доказ за тоа се многуте тепачки во кои била вклучена пејачката. Кристина Агилера стана светски...

Four Seasons

И покрај високо развиениот банкарски систем на Швајцарија, нејзините жители ретко користат картички за плаќање и претпочитаат готовина. Штом некој ќе ја спомне Швајцарија,...

Cotton Club

Што да се даде на девојката која има сè? Една опција – исклучително ретка чанта HERMES BIRKIN. На 10 август Крис Џенер на својата...

Advertisement