Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Избегнувајте да ги правите овие 3 работи ако сте во романтична врска со интроверт!

Ако сакате интровертна личност, првата пречка да ве запознаат подобро е нивната срамежливост. Од таа причина, треба да имате повеќе разбирање од вообичаено, во случај вашата симпатија да се двоуми дали да се јави, да испрати порака или да започне разговор прва.

Едноставно, ова е природата на интровертите и тука не можете да промените многу, барем не на краток рок. На вас е да ги научите посуптилните сигнали кои ви ги испраќа интровертната личност, а кои ви кажуваат дека тие сакаат да бидат со вас. Ако успеавте да започнете врска со интроверт, обидете се да не ги правите следниве три работи кога сте заедно.

Бидете трпеливи и не очекувајте веднаш да ви се отворат

На некои луѓе им треба само повеќе време да се релаксираат со својот партнер и да започнат да му веруваат. Интровертите се повнимателни од другите кога станува збор за откривање на нивните чувства. Знаеме дека е фрустрирачко кога не можете да дознаете колку некој друг ве свиѓа, но ве советуваме да бидете трпеливи и да не му судите на вашиот партнер затоа што тој не е како вас, особено ако многу се грижите за него.

Не инсистирајте на излегување навечер и на други дружења со пријателите

Ако на вашиот партнер не му е пријатно во средина со многу луѓе и тој не сака да го поминува секој викенд со вашето друштво, не инсистирајте на тоа. Ова не значи дека тој не ги сака вашите пријатели, но дека поминувањето време со која било голема група на луѓе понекогаш му е тешко. На интровертите им треба повеќе време за себе отколку на другите, па затоа не е лоша идеја да излегувате сами од време на време.

Бидете сигурни дека вашите љубовни состаноци не се одолговлекуваат

Секој што е во врска со интроверти знае дека стануваат нервозни по неколку часовно време заедно. Во случај да сте имале такви искуства со вашиот партнер, немојте веднаш да претпоставувате дека му здодевно. Истата непријатност веројатно би ја почувствувал откако поминал неколку часа со најинтересниот човек на светот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement