Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Зошто Џош Хартнет на врвот од славата го напушти Холивуд?

Пред дваесет години Џош Хартнет беше еден од најбараните актери во Холивуд и сите му предвидуваа голема слава. Така беше сè до моментот кога реши дека му е доста од сè и го напушти тој свет.

Четириесет и тригодишниот актер кариерата ја започна во 1997 година со телевизиски улоги, а филмското деби го имаше во хорор филмот „Халуин: 20 години подоцна“. Потоа следуваа улоги во тинејџерски хорор филмови, но улогата која му донесе голема слава е во филмот „Самоубиства на девиците“. Потоа почна да добива понуди за улоги во филмски блокбастери, додека Џош не изјави дека му е доста од сè и реши да си замине.

– Луѓето сакаа да направат бренд од мене, но на погрешен начин. Очекуваа да играм едни исти улоги и да станам момче кое сите ќе го сакаат и секогаш ќе биде достапно за сите. Но јас не се гледав себеси така и решив да се откажам – вели тој и додава дека решил да бира улоги кои со кои ќе може лично да се поврзе.

Пред да ја прекине соработката со филмските студија, бидејќи им се разидувале целите и идеите, Џош добиваше понуди за улоги во блокбастери. Еден од нив беше воениот филм „Перл Харбор“ најавуван како следен „Титаник“, кој сепак не доживеа таков успех. Иако настапи покрај големите филмски ѕвезди Кејт Бекинсејл и Бен Афлек, Џош долго се двоумел дали да ја прифати улогата.

– Бев задоволен со славата што ја имав и улогите што ги добивав, па се запрашав „Дали се плашам дека ако го снимам „Перл Харбор“ ќе влезам во нова категорија филмски дела за кои можеби не сум подготвен?“. Тогаш решив да ја прифатам улогата, бидејќи не сакав да ја одбијам поради страв. Но подоцна таа улога ме однесе во насока која не ми се допаѓаше, што значи мојот страв беше оправдан – зборува тој и се потсетува на интервјуто „Создавањето на Џош Хартнет“ за насловната страница од „Венити фер“ во 2001 година.

– Тоа беше ужасно. Наместо да има мои изјави, целото интервју беше засновано на тоа што другите кажуваат за мене. Преку тоа интервју луѓето добија погрешна претстава за мене и мислеа дека сум голема филмска ѕвезда која сака да се наметне. Дури ме споредуваа со Том Круз ( улогата во „Топ Ган“) што беше многу погрешно. Тогаш сфатив дека ми е доста од сè.

Денес Џош со сопругата Тамсин Егертон, која исто така е актерка, и двете деца, живеат далеку од Холивуд, во Сари, Англија. Последен филм во кој се појавува е канадската крими драма „Примарна цел“ работена според вистински настан, а Џош глуми новинар кој открива голема мрежа на криумчарење дрога во која се вмешани и луѓе од полицијата.

„Имав чувство дека некој ми го украл целиот живот. Сите насловни страници на списанијата со моите фотографии воопшто не го прикажуваа животот што го живеев. Во моментов, се чувствувам добро затоа што повеќе не ме малтретираат од папараци како порано”, се потсети Џош во едно претходно интервју. Денес пишува сценарија и режира, а тие вештини ги усоврши откако престана да глуми и имаше повеќе време да се посвети на себе си.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Синоќешните награди „Златен глобус“ и покрај комбинираниот.н. „phygital“ формат нè враќаше во оние безгрижни времиња кога по доделувањето на наградите би сурфале по Интернет...

Route 66

Бројот на продадени копии на ефтиниот кинески електричен автомобил со цена од 4500 долари, го надмина бројот на продадени автомобили Тесла во Кина. Овој...

Fool Moon

Изненадување нè очекува на 18 март: филмот „Justice League“, чиј автор е Зaк Снајдер, ќе биде објавен на HBO Max. Пред премиерата, беа објавени...

Green Tea

Дали има нешто подобро од комбинирање на здраво, вкусно и заситувачки? Оваа пилешка паштета одзема малку напор и време, но тоа ќе биде вкусно...

Advertisement