Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Досега се криеја – Кардашијан e позитивна на Ковид-19

Фановите на едно од најпознатите и контроверзни семејства во реалноста, кланот Кардашијан-Џенер, беа непријатно изненадени од веста дека најмладата сестра на Кардашијан, 36-годишната Клои, била позитивна на Ковид-19. Имено, веста ја откри самата Клои во последната епизода од шоуто „Во чекор со Кардашијанс“, каде ја опиша нејзината здравствена состојба.

„Тие само ми потврдија дека имам коронавирус. Цело време сум во мојата соба и ќе бидам добро, но последните неколку дена беа навистина лоши за мене. Повраќање, треперење, треска. Јас нормално страдам од мигрена, но ова беше најлошата главоболка што некогаш ја имав. Градите ме болат додека кашлам … Само ќе ви кажам дека ова е реално“, изјави ријалити sвездата на снимањето на најновата епизода од споменатото шоу.

Иако многумина најпрво се загрижени дека останатото семејство сега е заразено со коронавирус бидејќи целото семејство го прослави 40-от роденден на Ким на приватен остров пред неколку дена, од каде што објавија развратни фотографии и снимки, епизода во која Клои открива дека е позитивна на Ковид -19 е снимен во март годинава, така што нема причина да се грижите. Риалити ѕвездата сега се чувствува добро, за што сведочат нејзините дневни објави на гореспоменатата социјална мрежа.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Скоро осум милиони тони пластика завршуваат во нашите океани секоја година и сочинуваат 80% од морскиот отпад што се заканува на површините на нашите...

Cotton Club

Останаа само 31 ден до крајот на оваа година, па затоа е време полека да ги сведеме впечатоците. Се разбира, овој пат нема да...

Green Tea

Бидејќи повеќето жени ја запоставуваат грижата за кожата за време на нивната младост, тие се борат во текот на 40-тите и 50-тите години да...

Green Tea

Неделата на модата во Париз се затвори со претставување на новата колекција Миу Миу за сезоната пролет / лето 2021 година. Набргу потоа, таа...

Advertisement