Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Доаѓа зимскиот љубовен бран: Овие 4 хороскопски знаци во декември ги чека љубов како од филм!

Со овие знаци крајот на годината носи бура на емотивно поле.

Сите очекуваме крајот на годината да блесне и да ни донесе љубов, страст и возбуда. Едно е сигурно – овие 4 знака дефинитивно ќе уживаат во ваква атмосфера.

Бик
Како што се наближува крајот на годината и доаѓаат празниците, така времето отчукува кај вас… Универзумот ви го носи најубавиот љубовен цвет! Очекувате лудо заљубување и луда љубов која сигурно ќе прерасне во една сериозна врска која ќе биде крунисана со брак. Љубовта е таа што ќе ве тргне од земја, Бик, а тоа е многу тешко во вашиот случај! Уживајте и прегрнете го овој декември.

Рак
Токму така, не сте погрешиле. Месецот декември ви подготвува големо љубовно изненадување. Љубовта за која пишувале поетите, љубовта од која кожата трне, љубовта за која другите шепотат. Тоа е љубовта која сите ја посакуваме и ќе ви се оствари! Од вас не се бара ништо посебно, само треба да се опуштите и да вдишете длабоко во магијата на универзумот!

Лав
Голема, страствена и силна. Целата 2021 година ви била доста тешка, но затоа вселената се погрижи да ви го подари најубавиот љубовен подарок за празниците. Доколку сте во емотивна врска доживувате буквално нова љубов со стар партнер. Ако сте слободни, големата љубов ја сретнувате на местото каде што најмалку ја очекувате. Ќе биде тоа трепкање во секунда и вие ќе ја препознаете!

Риба
За некои припадници на знакот Риби љубовната магија е веќе почната, а за некои ќе започне, и во двата случаи магијата ќе ве следи во 2022 година. Тоа е година која ќе го одбележи вашиот љубовен живот. Вие сте целосно разбудена личност која секако задржала дел од вашата имагинација и токму таков љубовен партнер се појавува во вашиот живот. Единствено што треба да се нагласи е дека сега сте „деца на љубовната среќа“ и дека 2022 е година со извонредна љубов за вас!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Four Seasons

Туристите најчесто го посетуваат во август, кога се одржува Еразмус турнирот на витези и кога може да се видат спектакуларните битки на модерните витези...

Advertisement