Откако пејачката реши да стави крај на осумгодишниот брак, веројатно не очекуваше дека ќе пушти уште многу солзи за својот сопруг.
Поп-пејачката Кели Кларксон (40), која се прослави со учеството на музичкиот натпревар „Американски идол“, стави крај на својот осумгодишен брак во 2021 година.
Поранешниот ловец на таленти Брендон Блексток, син на поранешниот менаџер на Кели, Нарвел Блексток и посинок на познатата пејачка Риба Мекинтајр, ја заведе во 2012 година, а парот се венча неколку месеци подоцна.Тие заедно ја добија ќерката Ривер Роуз во 2014 година, а две години подоцна синот Ремингтон Александар.

Сепак, во јуни 2020 година, Кели Кларксон објави дека се разведува од сопругот, а разводот беше официјално финализиран во 2021 година. Како што наведе пејачката во барањето за развод, меѓу неа и Блексток има „непремостливи разлики“, а таа подоцна призна дека таа не ги очекуваше.
- Она со што се занимавам е тешко бидејќи не се однесува само на моето срце. Тоа се однесува и на други мали срца – рече таа мислејќи на своите деца.
Иако се чинеше дека се ќе помине во најдобар ред, сепак се покажа дека Кели е во голем стрес поради сега веќе бившиот сопруг.Имено, како што пишуваа американските медиуми, Блексток долго време одбивал да го напушти ранчот на Кели во Монтана, а кога конечно го направил тоа – бил принуден на тоа по судски пат.

Според Us Weekly, судот издал наредба со која се бара Брендон Блексток да го напушти својот поранешен дом до 1 јуни 2022 година.На крајот се откажал и се иселил, а откриено е дека намерно ја изнервирал Кели и одбил да го напушти ранчот бидејќи бил незадоволен од парите што ги добил по разводот.
За време на спогодбата за развод, Кели се согласила да му плаќа на поранешниот сопруг 115.000 долари месечно како алиментација до јануари 2024 година. Покрај тоа, таа му плаќа уште 45.601 долар алиментација за две деца – иако таа им е старател!
Кели Кларксон, инаку, со години сака да го продаде својот ранч од 17.750.000 долари во Монтана, а кога ќе го стори тоа, нејзиниот поранешен сопруг ќе добие околу 908.800 долари. Имено, тој при разводот тврдел дека 5,12% од имотот му припаѓа, поради што ќе има корист од продажбата на ранчот.

– Страшно е. Има многу тешки моменти за време на разводот. Најтешко ми е што се вмешани деца – беше искрена. Иако добивањето на алиментација од Кели му оди одлично,на Блексток не му цветаат рози на работа.Негов последен клиент беше кантри музичарот Блејк Шелтон, сопругот на Гвен Стефани, но минатата година ја прекина соработката со него бидејќи за време на разводот застана на страната на својата пријателка Кели.
Додека се разведуваше од пејачката,Блексток рече дека ќе се повлече од музичката индустрија и дека во иднина ќе биде ранчер. Како планира да го направи ова откако го напушти ранчот на Кели во Монтана се уште не е познато, но откриено е дека купил куќа вредна 1,8 милиони долари.
Од нејзиниот развод, Кели не е видена во друштво на нов партнер.