Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Во 1967 година, оваа фотографија го обиколи светот: Окарактеризирана како Бакнеж на животот, а зад неа се крие неверојатна приказна!

Фотографијата настанала во 1967-та година низ објективот на Роко Морабит, а го носи насловот „Бакнеж на животот“ и веќе 50 години ја интригира јавноста и крие неверојатна приказна на двајца работници.

Фотографот една година по настанувањето на фотографијата, за неа добил Пулицерова награда и потоа истата била објавена ширум светот.

„БАКНЕЖ НА ЖИВОТОТ“

Фотографијата ги прикажува електричарите Ј. Д. Ромсон кој што му дава вештачко дишење на својот соработник Ренадал Г. Чемпион, откако тој останал без свест по контакт со нисконапонска жица.

Двајцата биле во тек на рутинското одржување, кога Чемпион случајно допрел една од жиците со низок напон на врвот од бандерата. Останал без свест, но за среќа неговиот сигурносен појас спречил пад.

Томпсон кој успеал да стигне до него, започнал со реанимација „уста на уста“.

Со оглед на околностите тој не можел да примени прва помош, но му дал помош уста на уста додека не почувствувал како пулсот почнува да му работи.

За фотографот

Роко Морабито се возел по улицата Вест во месец јули 1967-та година, а потоа ја подигнал главата и видел како Чемпион виси на бандерата. Повикал брза помош и го зграбил својот фотоапарат.

„Поминав покрај овие луѓе кои што ја работеа нивната работа. Направив осум фотографии. Мислев да се вратам и да направам уште некоја фотографија. Слушнав врисок. Го подигнав погледот и видов човек како виси на бандера. Веднаш го фотографирав тоа.

Отидов до мојот автомобил и повикав Брза помош. Се вратив до бандерата кога Томпсон му даваше вештачко дишење на Чемпион. Се тргнав настрана и фотографирав уште еднаш, кога слушнав: „Дише““ – изјавил Морабито.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Ѕвездите од серијата „Чарлиевите ангели“, четириесет и шестгодишната Дру и четириесет и деветгодишната Камерон, добија огромна поддршка и виртуелен аплауз од многу жени, вклучувајќи...

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши со модна ревија на Том Форд, чија колекција го одразува жешкото исчекување на ноќните излегувања. Многумина од нас сѐ...

Four Seasons

Тоскана – дестинација за сите патници кои бараат прекрасен поглед, одлична храна, вино и уметност. Покрај познатите дестинации како што се Фиренца, Пиза и...

Fine Living

Во јужна Кина покрај реката Перл лежи распространетиот град Гуанѕу. Како еден од најнаселените градови во Кина со широк спој на култура, бизнис, трговија...

Advertisement