Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Беше секс симбол во шеесетите,сите ја паметат по белиот костим за капење: Првата Бонд девојка боледува од тешка болест…

Познатата актерка Урсула Андрес е родена на 19 март 1936 година, татко и бил Германец, а мајка ѝ Швајцарка.

Течно зборува германски, англиски, италијански и француски, а кариерата како модел ја започнала во Рим, а подоцна глумела во неколку италијански филмови.

Нејзината најпозната улога е Хани Рајдер, првата Бонд девојка во филмот „Dr No’,а сцената во бело бикини со појас остана запаметена за сите времиња:

  • Тоа беше голем момент за мене. Мислам дека едноставното бело бикини направи целосна промена во мојата кариера и ме доведе до голем успех. Целосно станав независна и мојот живот целосно се промени – изјавила таа.

Оваа улога ѝ го отвори патот во филмската индустрија. После тоа, таа доби можност да биде дел од големи остварувања во продукции како „Забава во Акапулко“, „Казино Ројал“, „Црвено сонце“.

  • Откако бев првата Бонд девојка, имав понуда по понуда и можев да ги одберам улогите што ќе дојдат сами – беше искрена.

Исто така, во 1965 година, Урсула позираше за магазинот „Плејбој“. Таа беше во брак со актерот и режисер Џон Дерек, но бракот се распадна откако таа имаше афера со актерот Жан Пол Белмонд, за кој рече дека е „љубовта на нејзиниот живот“.

Медиумите ја поврзуваа со Шон Конери, Марлон Брандо и Хулио Иглесијас.

Списанието Empire ја прогласи за една од 100-те најсекси ѕвезди во филмската историја, а обожавателите на Џејмс Бонд ја прогласија за најдобра Бонд девојка.

Сепак, не и процветаа сите рози во животот. На почетокот на 2000-тите ѝ била дијагностицирана остеопороза – болест на коските која, како што самата вели, првично ја игнорирала, што на крајот се покажало како многу погрешна одлука.

Добро е познато дека оваа болест може да доведе до големи компликации доколку не се лекува соодветно на време. Коските почнуваат драстично да слабеат, стануваат покршливи и лесно се случуваат повреди и скршеници.

Остеопорозата е болест која речиси нема никакви симптоми, поради што дијагнозата често се поставува доцна.

Експертите објаснуваат дека често не предизвикува болка, се додека нема скршени коски дури и како последица на паѓање од сопствената висина. Некои заболени имаат симптоми на благо свиткување напред, поради компресија на ‘рбетните столбови. Бидејќи го зголемува ризикот од скршеници, заболените често може да завршат во инвалидски колички.

Урсула во неколку наврати зборуваше за тоа колку и е тешко да живее со оваа болест.

-Тоа ми беше многу чудно бидејќи не чувствував никаква болка или предупредувачки знаци дека нешто не е во ред со мене – рекла таа еднаш.

Ако со години не внесувате доволно калциум во организмот, ако не ја зајакнете густината на вашите коски, тие со текот на времето стануваат потенки и се кршат.

  • Беше многу глупаво од мене бидејќи одбив сериозно да ја сфатам дијагнозата. Докторот ме советуваше секојдневно да земам лекови кои го спречуваат слабеењето на коските, како и калциум за да ги задржам силни – вели таа.

Рекла и дека и е чудно што сето тоа и се случува бидејќи отсекогаш се трудела да се храни здраво. Нејзините оброци вклучувале млеко и млечни производи, но и друга храна богата со калциум.

Меѓутоа, подоцна дознала дека оваа болест има и друга страна, а тоа е генетиката. Во нејзиниот случај таа ја играше главната улога.

Една од причините поради која не почнала навреме со терапија било секојдневното одложување. Затоа превенцијата е „најдобриот лек“ кога станува збор за остеопорозата. Здравиот начин на живот, грижата за себе и физичката активност се единствениот начин да се зачува целокупното здравје и да се избегне остеопороза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Пејачката Лана Дел Реј беше уловена од папараците на плажа во Рио де Жанеиро, а во преден план е нејзиниот изглед кој многу се...

Green Tea

Ако сте работеле неуморно цел живот за да станете еден од најбогатите луѓе на планетата, ќе ви биде простено што сакате да забавите, да...

Cotton Club

Познатата оскаровка Џесика Честејн изгледаше одлично пред студиото на NBC во Њујорк. За снимањето на Today Show, 46-годишната актерка се одлучи за комбинација на...

Fool Moon

Познатиот холивудски актер и заводник Ал Пачино чека дете со својата девојка Нур Алфала, која е во осмиот месец од бременоста. Оскаровецот (83) и...

Advertisement